Топ 10 работни места за странци во Дубаи

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) доживеаја брз развој во последниве години, што ја прави земјата атрактивна дестинација за живеење и работа за луѓето од целиот свет.
Со платите без даноци, висок стандард на живеење и одлични можности за работа, ОАЕ се популарен избор меѓу професионалците, а ова се 10-те најбарани професии.
Life Coach (лични и професионални тренери)
Понекогаш луѓето се губат во планирањето на својот личен и деловен живот, не знаат како да се справат со проблемите, стресот или како ефективно да се снајдат кон своите цели… И затоа бараат помош од лични и професионални тренери, кои им помагаат да ги развијат своите силни страни и да ги надминат слабостите. Life Coach неодамна беше една од најбараните професии, особено во Дубаи, забележува Propertyfinder.ae.
Типичната годишна плата на Life Coach во Обединетите Арапски Емирати е 269.927 AED, што е речиси 67.500 евра, а најдобри компании за оваа работа се Daniella Smith Coaching, Noomii, Zeta Iarvood Life Coaching.
Фриленсери – креатори на дигитални содржини
Социјалните медиуми и дигиталните платформи станаа суштински дел од нашите животи. Секојдневно следиме многу блогери и се претуваме на канали на Јутјуб во различни области. Следствено, дигиталната содржина сега е голем и важен бизнис, така што креаторите на дигитални содржини се многу барани и во ОАЕ.
Просечниот приход е 6.250 AED месечно или околу 1.560 евра, а топ канали се Instagram и Youtube.
Креативни луѓе
Ако вашето поле е поврзано со уметност, дизајн, пишување или фотографија – сега е вашето време во ОАЕ. На различни компании и агенции секогаш им се потребни различни креативци, графички дизајнери, фотографи и писатели со креативен и иновативен стил. Има многу специјализирани работни места во таа креативна област, што ви дава широк избор да го пронајдете она што го сакате и да заработите пари правејќи го она што го сакате.
Што се однесува до платите, фотографите се платени од околу 2.700 до 5.745 евра во зависност од искуството, графичките дизајнери земаат од 11.240 евра до 15.500 евра; просечната плата на уметнички консултант е повеќе од 36.000 евра, илустратор од 34.500 до 58.500 евра.
Топ компании за креативци се: Punch Advertising Design, SEO Out of the Box, GI – Graphic International, Daralfan.
Специјалисти за маркетинг и социјални медиуми
Ако работите како експерт за оптимизација или во која било област на маркетинг и социјални медиуми, во ОАЕ започнуваат нови компании и пазари, така што тие нужно треба да го пласираат својот бренд користејќи маркетинг техники и социјални медиуми. Социјалните медиуми се од суштинско значење за развој на бизнисот, така што специјалистите се меѓу најбараните, особено во Дубаи.
Опсегот на платите во таа дејност е од 4.500 евра до дури 20.200 евра, во зависност од искуството и позицијата, а врвни компании се EDS FZE, Bruce Clay Inc, Amplify Dubai, Smart Click, EDirect.
Медицински и здравствени работници
Во ОАЕ има околу 180 медицински центри и училишта кои нудат сертификати, бидејќи нивната работа во областа на медицината им е многу важна и грижата за својот народ ја поставуваат како своја највисока цел. Затоа сè што е поврзано со медицината ќе продолжи да расте, да се подобрува, а работниците ќе бидат барани.
За медицинските работници очекуваните плати во моментов се од 2.100 до 6.500 евра, а за општите лекари од 4.200 до над 17.500 евра.
Најперспективните места за работа се NMC Health, Sublime Homecare, Mediclinic, Florida Homecare, Universal Hospital, MedCare и American Hospital Dubai.
Здравствен персонал
Секако, голема улога имаат лекарите и медицинските сестри, но тешко дека би можеле без оние кои работат „зад сцената“ во здравството – неодамна се зголеми побарувачката за помошен здравствен персонал. Лабораториски и здравствени асистенти, менаџери на клиники и други се најбараните работни места во ОАЕ според Linkedin.
Опсегот на плати за овие работни места е од 1.100 до 6.400 евра, а најдобри болници се болницата Ал Захра, Канадската специјалистичка болница, Саудиска германска болница и Кралската болница НМЦ.
Експерти за е-трговија
Е-трговијата станува доминантна индустрија, сите ние имаме тенденција да купуваме речиси сè преку Интернет. Веб-страниците за купување растат секој ден, така што специјалистите за е-трговија станаа многу барани.
Специјалист за е-трговија заработува над 800 евра, а на повисоките позиции од 2.700 до 9.400 евра.
Најдобри компании за онлајн трговија се Elogic Commerce, Groupon, Aliexpress, Awok, Noon, Namshi, Amazon.ae.
Специјалисти за развој на бизнис и продажба
Одржувањето на бизнисот на вистинскиот пат бара континуиран развој на работните планови, а пазарот на труд во ОАЕ е сведок на огромно зголемување на побарувачката за развој на бизнис и професионалци за продажба. Една од можните причини е тоа што владата им дозволи на меѓународните инвеститори и претприемачи да започнат свој бизнис без потреба од локални партнери.
Помлад соработник за развој на бизнис (0-4 години искуство) заработува над 2.400 евра, виш соработник над 5.250 евра, а менаџер за развој на бизнис од 3.000 до 12.100 евра.
Топ компании се GEC, MCRC, Occidental, Al Futtaim, Xerox.
Онлајн новинари
Во последно време, онлајн новинарството е во подем, па и покрај тоа, повеќето познати списанија имаат своја веб-страница, па има многу места за онлајн новинари и уредници, дури и без големо искуство.
Новинарите заработуваат од 2.750 евра до 6.000 евра, уредниците од 3.750 до 7.500 евра, а најсилни компании се Reporters Media Training and Production, Gulf Business, Emirates Women, Khaleej Times.
Преведувачи
Многу народи живеат заедно во ОАЕ, така што преведувачите имаат многу работа. Во последно време се потребни преведувачи на англиски јазик, особено во областа на медицината. Не само тоа, во случај вашата специјалност да е писмен превод, корпорациите бараат правни преведувачи кои ќе им помогнат да изготват договори и други задачи.
Платите на преведувачите се од 2.220 до 6.750 евра, а препорачани компании се Multilingual Connections, Elite Legal Translation Services, Torjoman, Rephraserz Media and Communication Services, Alafranga Language Solutions, пренесува Еспресо.