Том Круз се здебели, обожувателите едвај го препознаа


Популарниот холивудски актер Том Круз во саботата присуствуваше на натпреварот во безбол во Лос Анџелес, но поради тоа што изгледа многу поразлично, никој во публиката не го позна еден час.

Неговата фотографија е поделена на созијалните мрежи, а обожувателите напишаа дека не веруваат дека таму присуствувал актерот, туку неговиот двојник.

На фотографијата се гледа значителна пронема во неговата тежина, а по неговотo лице се забележува дека добил многу на килажа во последните две години.

„Ова сигурно е неговиот двојник!“, „Што му се случило? Изгледа како да остарел 20 години во послендите две години! и „Препознајте го Том Круз во Лос АНџелес – невозможна мисија“, се само некои од коментарите.

Том Круз за прв пат с епојавува во јавност по снимањето на „Невозможна мисија 7“.