ТОАРИЛУЦ воведува роботика во ортопедијата: Оперирана 70-годишна жена со артроза на коленото
Робот ќе им помага на ортопедите хирурзи при изведување операции при дегенративни заболувања, на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар.
Првата пациентка е 70-годишна жена, која има дегенративни промени на коленото, а со оваа нова метода се избегнуваат можностите за инфекција.
– Денес прв пат беше изведена операција со артроза на колено со дегенеративни промени со асистенција на робот и посебно сум горд на целиот тим кој учествуваше во овој зафат – рече министерот за здравство Фатмир Меџити.

Македонските лекари, заедно со грчите од Лариса, успешно ја изведоа оваа операција.
– Роботот му е само поддршка на хирургот. Тој не може да го замени. Сепак, досега хирургот сам мереше, пресметуваше агли, сега тоа ќе го прави роботот – рече д-р Александар Трајановски директор на ТОАРИЛУЦ.
Според него, досега нашите пациенти барале да одат во странство, најчесто во грција, за да извршат ваква операција.
Сега тоа е достапно и кај нас, иако нагласува дека претходната метода сѐ уште чес е изведува, а за работа со робот ќе се едуцираат и специјализнатите и другите ортопеди хирурзи кај нас.
Министерството за здравство ќе ги поддржи ваквите нови техники, а министерот за здравство Фатмир Меџити изради подготвеност да се помага во напредокот на Клиниките.