„Тинекс“ донира пакети вредни 300.000 денари на Инфективна, како и во Куманово и Прилеп


Kомпанија „Тинекс“ направи донација во вредност од 300.000 денари за Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Општина Куманово и Општина Прилеп.

За Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје беа донирани средства за дезинфекција и хигиена во вкупна вредност од 100.000 денари и тоа:
– 500 парчиња концентрат за дезинфекција на површини 0,5% (1л.),
– 1.000 парчиња раствор за брза дезинфекција на површини 0,2% (1л.),
– 500 парчиња течен сапун за раце (500мл.),
– 2.040 парчиња тоалетна хартија

За Општина Куманово се донираа 100 хуманитарни пакети, а за Општина Прилеп беа донирани 125 хуманитарни пакети со прехранбени производи и производи за хигиена, наменети за социјално ранливите категории на граѓани кои живеат во овие општини. Вкупната вредност на двете донации е 200.000 денари.

Хуманитарните пакети се состојат од:
– Extra млеко 2х1л.
– Масло за готвење 2х1л.
– Брашно Т-400 2х1кг.
– Готварска сол 2х1кг.
– Extra шеќер 2х900гр.
– Extra леќа 400гр.
– Extra грав 500гр.
– Макарони 2х500гр.
– Туна во конзерва 2х500гр.
– Паштета 3х100гр.
– Раствор за дезинфекција 2х1л.
– Средство за миење садови 1л.