Тинејџер од Авганистан избоде со нож сонародник среде Белград
Мигрант од Авганистан на возраст од 17 години е осомничен за убиство на 20-годишен сограѓанин синоќа во Белград. Убиството се случило по тепачка меѓу мигранти пред еден угостителски објект во главниот град на Србија.
Убиениот е прободен со нож во градите, а белградската полиција го уапси 17-годишникот под сомнение дека го извршил кривичното дело. Полицијата идентификувала втор осомничен за убиството и по него се трага.
Против осомничениот ќе биде покрената кривична пријава, по што ќе биде изведен пред судија за малолетници.