Тимот на Бајден ќе покрене правна постапка поради одложувањето објавување на победникот


САД – Тимот на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден синоќа соопшти дека размислува да покрене правна постапка против доцнењето на државните служби при прогласувањето на демократскиот кандидат за победник на изборите во САД.

Државната изборна комисија обично прогласува кандидат за претседател кога ќе стане јасно дека тој ја освоил власта, по што може да започне процесот на пренесување на власта.

Тоа сè уште не се случило, иако сите водечки американски медиумски куќи го прогласија Бајден за победник во саботата, бидејќи тој ги надмина потребните 270 изборни гласови.

Меѓутоа, законот не прецизира кога Државната изборна комисија мора да реагира, но тимот на Бајден вели дека нивната победа е „чиста“ и дека одложувањето на објавувањето на победникот не е оправдано, без оглед дали актуелниот претседател Доналд Трамп одбива да ги признае резултатите од изборите.