Skip to content

03/04/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Пребарај
Независен Весник
Пребарај
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Tевдовски: Правeдното оданочување успешна реформа, приходите од персоналецот со раст од 17,4 отсто

12/06/2019 13:33

Реформата за праведното оданочување е успешна. Економските резултати се исклучително добри од почетокот на годината и најважно е што се користат за социјалната реформа, односно обезбедување фер општество и праведен раст за сите, оцени министерот за финансии Драган Тевдовски денеска на прес-конференција презентирајќи ги ефектите и резултатите од  реформата што стартуваше на почетокот на оваа година.

Тој додаде дека очекувањата од реформата се реализираат, фискалната политика директно влијае на економските резултати, а последните економски остварувања покажуваат дека економијата е во одлична кондиција.  Ова, потненцира министерот, е доказ дека реформите во фискалниот систем се во вистинска насока.

Тевдовски наведе седум факти за економските резулати по спроведување на оваа реформа, што се однесуваат на зголемена вработеност, зголемена вработеност кај младите,  раст на платите, раст на платите и вработеноста на ИТ секторот, раст на даночните приходи од личен доход, позитивни резултати кај бизнисите и раст на економијата.

–  Бројот на вработени е зголемен за 17 000 лица во првите три месеци од годинава, односно по воведување на праведниот данок. Невработеноста во првите три месеци од 2019 година е сведена на најниско ниво од споведување на анкетата на работна сила или 17,8 отсто што е за 1,6 отсто пониско ниво во однос на последното тримесејче од 2018 година. Иако, пред воведувањето на праведниот данок во јавноста беше изразена загриженост дека праведното оданочување ќе ја намали вработеноста, се случи сосема спротивното, односно само за едно тримесечје бројот на вработени е зголемен за 17 000 лица, рече министерот.

Друг факт, дополни, е што има сериозен раст кај вработеноста кај младите од 6 000 лица во споредба со последниот квартал од 2018 година, односно пред воведување на праведниот данок. Просечната нето плата, како што рече, е зголемена за 3,4 отсто и тоа е наспроти тезите дека воведувањето на праведниот данок ќе влијае на работодавачите да ги намалат платите на работниците.  Министерот додаде дека во континуитет имаме зголемување на просечната плата.

Потенцира дека по воведување на прогресивното оданочувае нема намалување, туку и зголемување на просечната плата на програмерите за 5,5 отсто во споредба со првото тримесечја од 2018 година.

– Бројот на вработени во дејноста информации и комуникации исто така е зголемен. Во првото тримесечје на годинава во овој сектор има за 1 500 лица повеќе вработени во споредба со последното тримесечје на 2018 година,  рече министерот,  додавајќи дека овој сектор беше најблиску до границата за прогресивната даночна стапка.

Министерот оцени дека има добра наплата на данокот на личен доход каде за 17,4 отсто има повеќе наплата во споредба со истиот период лани. Ова, истакна, е спротивно на одредени тврдења пред воведување на праведното оданочување, дека ќе ја зголеми даночната евазија.

 Како солидни ги оцени и остварувања во ралниот сектор од почетокот на одинава. – Индустриското произвоство во периодот јануари-април 2019 година е повисоко за 7,9 отсто во спордба со истиот период минатата година. извозот на стоки и услуги во периодот јануари-април 2019 година е повисок за 15 отсто во споредба со истиот период минатата година., рече министерот додавајќи дека ова е спротивно на некои мислења дека прогресивното оданочување ќе му наштети бизнисот.

 И растот на економијата од 4,1 отсто, според министерот, покажува дека праведното оданочување не го блокира економскиот раст.

–   Економските резултати се исклучително добри од почетокот на годината, а како што предвидовме со средствата од праведното оданочување се поддржува социјалната реформа, односно обезбедување фер општество и праведен раст за сите. Од неделата започна исплатата на зголемената социјална помош согласно правата предвидени со новата социјална реформа. Над 25.000 домаќинства добија гарантиран минимален приход, што за поголемиот дел од нив значи надоместок зголемен за 100 отсто, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со предизборното ветување за 500 евра просечна плата, рече дека тој е поборник платите да растат бидејќи најголемиот дел од граѓаните живеат од својот труд. Посочи дека веќе има раст од 3,4 отсто и оти ќе се подолжи да се прави притисок за раст на платите и на давање поддршка во бизнис задницата.


Поврзани содржини

Цените на дизелот растат во Европа. „Се наѕира најголемото нарушување во историјата“
02/04/2026 18:04
УЈП: Од понеделник обуки за студентите поврзани со работата во странство преку програмата „Work and Travel“
02/04/2026 15:04
Цените на лебот и пецивата да не се покачуваат до крајот на април: Состанок во Министерството за економија
02/04/2026 15:04
Втора шанса за електро-поврзувањето Битола–Елбасан, поставен камен темелник на 400 киловолтен далекувод
02/04/2026 15:04

Банката на Америка има мрачни прогнози, особено за Европа
02/04/2026 14:04
Словенија меѓу земјите со најголем скок на трошоците за труд во ЕУ минатата година
02/04/2026 14:04
„Алкалоид“ одликуван со плакета за најдолго котирано акционерско друштво на Македонската берза
02/04/2026 13:04
На 119 компании исплатени 20 милиони евра од солидарниот данок, треба да се вратат уште 29 милиони
02/04/2026 13:04

Најчитани


  • Aлександар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026
    27/03/2026 09:55
  • Аеродромци ќе имаат бесплатно паркирање само во зоната во која живеат – во другите ќе плаќаат
    28/03/2026 10:41
  • Лудница во Словенија: Ника Превц прелета фантастични 242,5 метри и постави светски рекорд
    27/03/2026 21:26
  • Од 1 април, зонско во Реонски центар
    27/03/2026 18:08
  • МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот
    27/03/2026 20:46
  • Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
    29/03/2026 12:37

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење