Skip to content

03/04/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Пребарај
Независен Весник
Пребарај
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Тевдовски: Од Вашингтон се враќаме со многу договорени проекти за забрзување на економскиот раст

15/04/2019 07:48

САД– Република Северна Македонија е мала и отворена економија, ризици постојат, но иако ММФ ја намали проекцијата за економски раст за најголем број земји, нашата напротив е зголемена и ова ја валоризира успешната економска и фискална политика на Владата, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.

Делегација предводена од Тевдовски и гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска,  го заврши повеќедневниот престој на Пролетните средби на групацијата на Светска Банка и ММФ во Вашингтон.

-Имаме добар почеток на годината. Индустријата забележа раст од скоро 10 отсто. Извозот порасна за 6,8 отсто. Расте кредитната активност – како кај домаќинствата, така и кај фирмите. Наплатата на приходи во буџетот е во рамки на проекциите. Стабилноста која ја носи НАТО им дава доверба на инвеститорите, а ефектот допрва ќе се мултиплицира, укажа Тевдовски.

Според него, очекувањата се дека годинава ќе се реализира проекцијатата од 3,2 отсто раст, додека на среден рок растот ќе забрза. За следната година Владата има проектирано четири отсто раст за која министерот тврди дека е остварлива, па може и да се натфрли.

Во однос на кредитната транша од 420 милиони долари за нашата земја што Светска банка се подготвува да ја одобри, изјави дека ќе се реализираат повеќе проекти.

Министерот укажа дека тоа е четиригодишна стратегија која опфаќа проекти кои се фокусираат на три области: подобрување на околината за конкурентен приватен сектор, зголемување на вештините и можностите кај најранливите, како и одржлив раст.

-Овде спаѓаат и некои инфраструктурни проекти кои ги најавивме и веќе имаме започнато постапка. Тука е проектот за олеснување на трговија и транспорт на Западен Балкан, за кој законот е веќе подготвен и е во собраниска процедура. Исто така, тука е изградбата и рехабилитација на локални патишта од 70 милиони евра, укажа Тевдовски.

Во оваа рамка, додаде, има и повеќе проекти кои се однесуваат на развој на човечкиот капитал, модернизација на примарното образование и пензискиот систем, но и здравството.

-Имаме амбициозна агенда за соработка, која е остварлива. Задоволен сум што на средбите беше искажана поддршка од страна на Светска банка за реформскиот процес кој се одвива во Северна Македонија.

Други договорени проекти за време на Пролетните средби вклучуваат проекти со Меѓународната финансиска институција (ИФЦ) и Европската инвестициска банка (ЕИБ).

–  Се издвојуват проектот со ИФЦ со кој ќе вмрежуваат домашните компании со странските инвестиции во ТИРЗ. Тие дадоа согласност дека ќе го поддршат овој проект. Придобивките за нашите компании се огромни: добиваат работа, можност за пласман на нови пазари, know-how, изјави Тевдовски.

Со ЕИБ се договорени инфраструктурни проекти за гасовод меѓу Северна Македонија и Грција и Пречистителна станица Скопје.

-Ова се крупни проекти за кои имаме поддршка од банката. Исто така, следната недела ЕИБ ќе префрли 15 милиони евра – прва транша од вкупно една милијарда евра, за евтини кредити за малите и средни претприја. Со нив ќе се финансираат 39 проекти, што значи нови инвестиции и нови работни места, укажа министерот.

Тој заклучи дека Пролетните средби поминале успешно за македонската делегација и остварени се голем број на состаноци со високи претставници на ММФ, Светска банка, ЕИБ, ИФЦ. Договораните проекти ќе се реализираат во наредниот период.

Во однос на проекцијата за забавување на економскиот раст на глобалната економија, Тевдовски рече дека тоа било очекувано, ако се земат предвид неизвесноста и ризиците од трговските војни и Брегзит. (МИА)

 

 

ReplyForward


Поврзани содржини

(Инфографика) Најризичните пазари во светот во 2026: Еве колкав е инвестицискиот ризик на Македонија
03/04/2026 11:04
Цената на нафтата од типот Брент за итна испорака се искачи на 141 долар, највисока од 2008 година
03/04/2026 10:04
Левица: Владата ја загрозува куповната моќ – се движиме кон стагфлација
03/04/2026 10:04
Пластиката најскапа во последните четири години поради затворањето на Ормускиот теснец
03/04/2026 09:04

Намален бројот на работници во индустријата
03/04/2026 09:04
САД ги намалуваат царините за опремата од метал на 15 проценти до наредната година
03/04/2026 08:04
Комерцијална банка со повеќе признанија од Македонска берза
03/04/2026 08:04
Андоновски: Први во регионот ќе ги исполниме задачите за ЕУ роаминг
03/04/2026 07:04

Најчитани


  • Аеродромци ќе имаат бесплатно паркирање само во зоната во која живеат – во другите ќе плаќаат
    28/03/2026 10:41
  • Лудница во Словенија: Ника Превц прелета фантастични 242,5 метри и постави светски рекорд
    27/03/2026 21:26
  • Од 1 април, зонско во Реонски центар
    27/03/2026 18:08
  • МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот
    27/03/2026 20:46
  • Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
    29/03/2026 12:37
  • Дончиќ: Она што ви го прават Грците и Бугарите на европскиот пат е европска срамота
    28/03/2026 17:42

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење