Тетово погодено од невреме – се бара да се исклучи струјата во градот (видео)

Попладнево, Тетово беше погодено од невреме со силен дожд и град. Поплавени се повеќе подрумски простории каде интервенираат пожарникарите. Се очекува во следниот период граѓаните да пријават штети.
– Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово бидејки според него ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти – соопшти ЦУК.
На 112 стигнаа неколку пријави од граѓани за поплавени подруми.
Во моментов се воспоставува контакт со ЕВН.
16 41 часот.
Силна нестабилност во северен Полог. Јадрото полека се преместува кон западниоджт дел на Скопската котлина.
Има пороен дожд, грмежи и услови за појава на град – информира УХМР.
Подоцна објавија:
17 01 часот.
Силно развиено облачно јадро од кое има поројни врнежи, засилен ветер, грмежи и појава на град.
Некое особено движење нема и се здржува во северен Полог.
