Тешки сцени на улиците на Боливија – поплави носат се пред себе, загинаа четворица


 

Престолнината на Боливија, Сукра, погодена е од поплави во кои животот го загубија најмалку четворица.

По силната бура што во градот траеше 1,5 час, водата потече по улиците на Сукра. Најтешо погодени се подрачјата околу пазарот во градот, каде одводите с еблокирани од ѓубре, пренесе Би-би-си.

МИнистерот за внатрешни работи Едуардо дел Кастиљо рече дека во поплавите исчезнале три деца и тројца возрасни, како и дека седум души се повредени.

Водата однесе најмалку десет автомобили, а многу трговци останаа без својата стока, додека неколкумина се шренесени во болница поради хипотермија – премрзнување.

Претседателот Луис Арсе изјави сочувство на семејствата на загинатите.

Локалните жители тврдат дека надлежните треба да работат на одржување на градскиот одвод во текот на дождовната сезона.

Поплавите и лизгањето земјиште не се необична појава во Боливија за време на дождовната сезона, која трае од ноември до март.