Тереза ​​Меј: Преговорите со лабуристите за Брегзит се сериозни, но тешки


Британската премиерка Тереза ​​Меј денеска изјави пред министрите дека преговорите со опозициската Лабуристичка партија за постигнување напредок по прашањето за Брегзит се сериозни, но тешки во некои области, информира нејзиниот портпарол.

Тој истакна дека нема определен временски рок за крај на преговорите со лабуристите, но додаде оти премиерката изјавила пред својот кабинет дека е потребно итно да биде постигнат напредок, за да може да се оствари Брегзит.