Тер Штеген повторно на голот на Барселона, по 223 дена надвор од теренот

Марк-Андре тер Штеген ги одбројува минутите до неговото долгоочекувано враќање во протоколите за натпревари на Барселона, откако е надвор од терените 223 дена, а доколку сè оди според планот оваа сабота, против Ваљадолид, тој би требало да биде повторно меѓу стативите.
-Тер Штеген ќе брани од првата минута. Тој тренира фантастично веќе некое време, покажа завидно ниво на форма и е подготвен…“, беше недвосмислената изјава на тренерот Ханси Флик при најавата за натпреварот.
Ова ќе биде првиот натпревар на Тер Штеген по гостувањето на „Мадригал“ на 22 септември, кога го повреди коленото на натпреварот против Виљареал. Оттогаш, последниот човек на Барселона на теренот е претежно Полјакот Војчех Шчесни.