Тепачката во Охрид не била политичка туку поради лична нетрпеливост


Синоќешниот напад на секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид немал политичка позадина и не бил испровоциран од омраза и прогон на Бугарите туку станува збор за лични меѓусебни нерасчистени сметки меѓу него и напаѓачите, посочиле за  САКАМДАКАЖАМ лица кои се сведоци на немилиот настан и биле упатени во нивните претходни недоразбирања.

Ни збор за политика не се кажа пред да се случи тепачката. Станува збор за меѓусебно недоразбирање меѓу нив, кое трае подолго време и младите во градот знаат за нивната историја. Се започна кога влегоа тројцата во кафеаната. Нападнатото момче веднаш почна да ги пцуе, спомнуваше мајки, сестри, усти.. Тука изби вербална расправија која потоа продолжи со физичка пресметка надвор од објектот“, тврдат сведоците за САКАМДАКАЖАМ.МК.

На прашање до МВР дали навистина поводот за тепачката бил говор на омраза, односно омраза против Бугари, оттаму одговориле дека за такво нешто засега нема докази, но случајот ќе го преземе обвинител и тој со сигурност ќе утврдува дали евентуално ќе се појават такви поткрепени докази.