Тепачка во НБА: Исклучени пет играчи и двајца тренери (видео)

Екипата на Минесота Тимбервулвс ги совлада Детроит Пистонс со 123:104 во натпревар кој беше обележан со тепачка меѓу играчите во втората четвртина. Се започна со тоа што кошаркарот на Детроит Рон Холанд го фаулираше Наз Рид. Нивниот вербален конфликт започна, а прво интервенираше играчот на Минесота, Донте ДиВинченцо, а потоа и сите останати, што доведе до голема мешаница.
Во таквото препукување играчите завршија на трибините, а се вклучија и двете клупи, односно тренерите и остатокот од стручниот штаб. Судиите со помош на обезбедувањето успеаја да ја смират ситуацијата и на крајот да ги доделат казните. Поради нивната вмешаност во расправијата, од Тимбервулфс беа суспендирани ДиВинченцо и Рид, како и нивниот помошник тренер Пабло Приџони. Детроит остана без Холанд, Исаја Стјуарт и Маркус Сасер, а суспендиран е и главниот тренер Ј.Б. Бикерстаф.
A fight breaks out in Minnesota between the Timberwolves and Pistons:
🎥 @WolvesClips pic.twitter.com/T1jfvDHF6P
— The Athletic NBA (@TheAthleticNBA) March 31, 2025
Детроит до тој момент водеше со десет разлика, но на крајот загуби убедливо. Минесота ја предводеше Џулиус Рендл со 26 поени, додека Ентони Едвардс постигна 25. Кај Пистонс најдобар беше Малик Бисли со 27 поени.