Телевизијата А2 ќе се реинкарнира, но на Фејсбук и Инстаграм


 

Телевизијата А2, која беше некаков вид сестра или брат на А1, ќе се врати меѓу македонската јавност преку Фејсбук и Инстаграм.

Тоа се наведува во најавата испратена до македонските медиуми. А2 беше затворена пред речиси 15 години. Во нејзината реинкарнација учествува Велија рамковски, кој беше сопственик и на А1 и на А2, додека телевизиите не беа затворени од тогашната влада на Никола Груевски, а Рамковски заврши во долгогодишен затвор.

Во најавата пишува:

„А2 телевизија започнува ново поглавје – посветено на иновативност, свежина и уште поголема поврзаност со публиката. Со нов освежен визуелен идентитет, и голем фокус на домашната продукција, А2 ја осветлува медиумската сцена интернет просторот во Македонија со нова енергија.

Под мотото ‘А2 – заедно во ново светло’, не само што донесуваме модерна естетика и динамична содржина, туку ја градиме и новата платформа за дијалог, култура и вистинска информативна вредност. Вашите приказни, вашите ставови, вашата реалност – сега добиваат појасен одраз преку екранот на А2.

Во новото светло заедно со нас е и визионерот Велија Рамковски – пионер на независното новинарство и човекот кој стои зад најгледаните и најуспешни емисии и медиумски проекти во земјава“.