Тела на руски војници ги полнат мртовечниците во Белорусија
Телата на руските војници загинати во битката во Украина ги полнат мртовечниците во Белорусија, изјавија локалните жители за РСЕ.
Руските војници убиени во битка се носат со камиони во мртовечниците, а потоа се враќаат во Русија со воз или авион, велат жителите.
Жителите го опишаа ужасот кога ги виделе телата натоварени во воз во Мазир за да се вратат назад во Русија.
„Бројот на телата беше неверојатно голем. Луѓето на станицата Мозир беа едноставно шокирани од бројот на тела што беа ставени во возот“, изјави за РСЕ локален жител во Мазир.
Пополнети се и мртовечниците во Гомел и Нарулија, според локалните жители.
На белоруските лекари им се заканувало губење на работата доколку бидат фатени како шират информации за загинатите и повредените руски војници.
Американските власти проценија дека неколку илјади руски војници се убиени досега во двонеделната војна.