Тејлор Свифт одржа концерт во Лондон, на сцената ѝ се придружи Ед Ширан (видео)


Тејлор Свифт го одржа својот прв концерт откако три концерти во Виена беа откажани поради страв од терористички напади. Пејачката во четвртокот ја продолжи турнејата The Eras со одржување на првиот од петте концерти на Вембли во Лондон, пишува Би-Би-Си.

Свифт го отвори концертот со својот хит 22, а се појави во маичка со натпис „a lot going on the moment“, алудирајќи на турбулентниот период низ кој минува.

Во еден момент на сцената ѝ се придружи и пејачот Ед Ширан, кој неодамна одржа концерт во загрепскиот Хиподром, а утре настапува во Белград, и заедно отпеаја три песни.

Од рано попладне околу стадионот „Вембли“ се собраа бројни фанови кои со нетрпение го очекуваа концертот. Фановите стравуваа дека пејачката може да ги откаже концертите во Лондон поради немирите во Велика Британија кои следеа откако 17-годишен вооружен убиец упадна во училиште за танц во градот Саутпорт, при што уби три деца, а рани десет други.

Лондонската полиција соопшти дека ќе биде засилена контролата на билетите, како и дополнителни безбедносни мерки околу стадионот.

Многу фанови беа разочарани поради откажаните концерти, а дополнително ги налути тоа што Тејлор не се огласи по повод откажаните концерти и приреди приватна забава за својот тим во Лондон.