Тејлор Свифт исвиркана на Супербоулот, се надоврза и Трамп
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/02/ab14430b-90c6-44e8-9128-92bf97740476.jpg)
Њу Орлеанс – Тејлор Свифт се појави на Супербоул финалето во американско рагби синоќа, како поддршка за своето момче Тревис Келце – играч на Канзас Сити Чифс, кои загубија од Филаделфија Иглс.
Кога поп-ѕвездата се појави на екранот, дел од публиката почна да исвиркува со извици „бу“. Меѓутоа, Свифт само се насмевна и продолжи да го следи настанот, се чини – речиси целосно неоптоварена од извиците од посетителите.
„Тејлор не ја заслужува оваа омраза… Изгледа како така добра личност“, „Кралица“, „Кому му е грижа за хејтерите“ – гласат дел од коментарите на Икс, а во нејзина одбрана излезе и американската тенисерка Серена Вилијамс.
„Те сакам, Тејлор Свифт. Не обрнувај им внимание на извиците!“, напиша Вилијамс.
И претседателот на САД, Доналд Трамп го користи сè тоа, па на свој начин, се чини, ја исмеа поп-пејачката, покажувајќи дека тој добил само ракоплескање.
Спектаклот, со најскапи реклами, не је пропуштија многу познати фаци, меѓу кои бизнисмените Руперт Мардок и Џефри Лури, легендата на НФЛ, Том Брејди, пејачката Лејди Гага, актерите Кевин Костнер и Бредли Купер, раперот Џеј Зи, музичарот Пол Макартни, итн.