Тејлор Свифт и Тревис Келси ќе се венчаат! Погледнете го огромниот дијамантски прстен

Тејлор Свифт и Тревис Келси се верија по две години врска, а пејачката и спортистот ја потврдија веста во заедничка објава на Инстаграм.


Мегаѕвездата Тејлор Свифт и нејзинот момче, Тревис Келси, се верија по две години врска, а веста ја потврдија со заедничка објава на Инстаграм со романтични фотографии и голем дијамантски прстен.

„Твојата наставничка по англиски јазик и твојот наставник по физичко се венчаваат“, напишаа тие со неколку фотографии од Келси како клечи пред пејачката.

Тревис избра романтична локација за запросувањето која беше полна со различни цвеќиња, а двојката покажа и голем дијамантски прстен во крупен план.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

Објавата собра повеќе од два милиони лајкови за многу кратко време.

Приказната за нивната врска започна во септември 2023 година, кога за прв пат беа видени заедно по натпреварот на Канзас Сити Чифс, во кој тимот на Келси ги победи Чикаго Берс. Недолго потоа, беше откриено дека Келси се обидел да ѝ даде на Свифт нараквица за пријателство со гравура на неговиот телефонски број – но планот му се вратил како бумеранг.

Подоцна призна дека двајцата веќе разговарале пред официјално да се сретнат во Њујорк. Оттогаш, нивната врска брзо напредуваше и брзо стана едно од најгледаните партнерства во светот на забавата и спортот.

Тејлор откри во едно интервју дека биле заедно уште пред јавноста да дознае за тоа.

„Значи, всушност имавме многу време за себе за кое никој не знаеше, за што сум благодарна, бидејќи се запознавме. Мислам дека некои луѓе мислат дека натпреварот на кој првпат бевме видени заедно беше нашиот прв состанок. Но, не сме толку луди“, рече Тејлор.

Откако присуствуваа на уште неколку игри со нејзините познати пријатели, Тејлор и Тревис јавно ја објавија својата врска следниот месец кога беа фотографирани држејќи се за раце во Њујорк, а останатото е историја во оваа модерна љубовна приказна.

Во месеците што следеа, Тејлор Свифт редовно го придружуваше Келси на неговите натпревари, вклучувајќи го и Супербоул LVIII, каде што се бакнуваа пред камери и илјадници фанови по победата.

Од друга страна, Тревис Келси се појави на сцената за време на спектакуларната турнеја „Ерас“ на Тејлор, што беше негов прв пат да влезе во светот на неговата свршеница. Ова, велат фановите, покажа дека тие се поддржуваат подеднакво – на теренот и на сцената.

Многу обожаватели веќе со месеци ја очекуваа веридбата, а претпоставките се зголемуваа на социјалните мрежи.

Иако извори во мај 2024 тврдеа дека Келси не размислувал за брак, бидејќиу го сфаќа многу сериозно и не блегува во такви одлуки лесно, очигледно парот во меѓувреме донел одлука. 

Минатата година Свифт и Келси често беа забележувани како разменуваат нежности, прегрнати и насмеани било по важни натпревари или зад сцената. Еден од најпознатите моменти беше кога Свифт го дочека Келси по натпреварот, додека врз нив паѓаа конфети, а публиката воодушевено ги гледаше. Тоа за фановите беше „најискрената и најтопла“ глетка на љубовта на славните.