Тегелтија: Во БиХ нема консензус за Отворен Балкан, поединци гледаат задни намери
Во БиХ за жал нема консензус за „Отворен Балкан“. Причините за тоа се во размислувањето на политички поединци во БиХ дека иницијаторите на оваа групација имаат заднински намери, рече на Самитот „Отворен Балкан“ претседавачот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија.
– Овие размислувања може да се променат. Знам дека целата економска заедница во БиХ ме поддржува,како и граѓаните. Тука сум поради тоа што сум убеден дека оваа инцијатива ќе покрене економски бум во регионот. Убеден сум дека Сараево наскоро ќе биде член на „Отворен Балкан“. Затоа ги повикувам сите политички чинители од регионот да ги отворат границите и капиталот за да стоките и граѓаните слободно да се движат. Само така можеме да си помогнеме себе си и на ЕУ, изјави Тегелтија.
Тој искрено се надева дека е последниот од Босна и Херцеговина кој на Отворен Балкан доаѓа како гостин.