„ТАВ Македонија“: Сообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје моментално е запрен, но летовите не се откажани


Фото: Б. Грданоски

„ТАВ Македонија“ информира дека поради дојава за бомба утрово целиот персонал и сите патници и/или минувачи на Меѓународниот аеродром Скопје се безбедно евакуирани и сообраќајот е моментално запрен, но летовите не се откажани сé додека не добијат известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред.

– Меѓународниот аеродром Скопје утрово преку електронска пошта прими закана за поставенa експлозивнa направa. Информацијата веднаш беше пријавена до Министерството за внатрешни работи, a истовремено целиот персонал и сите патници и/или минувачи кои беа затекнати на аеродромот беа безбедно евакуирани, додека единици на Министерството за внатрешни работи прават проверка на објектите на аеродромот. Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сé додека не добиеме известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред, се вели во соопштението од „ТАВ Македонија“.