Таткото на Тот: Сопругата и јас одиме на гробишта два пати дневно
Обвинетите за убиството на ракометарот Денис Тот во македонија, добија казна затвор од по 18 односно 16 години, или тројцата вкупно 52 години.
Денис Тот беше претепан пред ножен клуб во градскиот парк во Скопје, по што почина.
На судењето, обвиниетите Анџело Георгиевски (28), Клементина Левковска (19) и Андреј Костовски (22), изјавија дека не се чувствуваат виновни.
Како сведок беше сослушан и таткото на Денис, Игор, кој изјави дека по инцидентот животот им сопрел.
Таткото: Денис ја обожаваше Македонија
„Денеска, се да беше во ред, тој би бил тука, би играл за Бутел или за Вардар, ја обожаваше македонија. Сопругата не работи, јас работам со намален интензитет. Постојано одиме на гробишта, два пати дневни“, рече Игор Тот.
„Вредно работиме и сопругата и ја, како и неговиот брат, кој игра во холандија. Не ни е лесно, очекуваме да се дознае вистината, да се види што е и како е. Да видиме дали обвинетите се виовни и ако се, нека бидат казнети3, велеше Игор пред изрекувањето на денешната пресуда.
Обвинетите не се сметаат за виновни
Обвинетите во текот на судењето велеа дека не се согласуваат со правната квалификација на казненото дело затоа што тројцата обвинети немаат елемент на намера, а беа убедени дека ќе докажат оти со ударите не придонеле за смртта на ракометарот.
За потсетување, тројцата обивинети излегле од ноќниот клуб со Тот и влегле во такси. кога почнала расправијата. Потоа Костовски излегол и го извлекол Тот од автомобилот. почнале да го удираат, а не сопреле ни кога паднал. Ракометарот се здобил со тешки повреди на главата и телото, по што заврши во кома, а потоа и почина, пишува хрватски Индекс.