Таткото на Фросина Кулакова ги нарече „глодари и политички некрофили“ активистите на „Кој е следен“

„‘КОЈ Е СЛЕДЕН’ – продолжение на бедата на она што со години го живееме и растурениот систем на вредности… Политички глодари, политички некрофили… И дното е пробиено… Како семејство секогаш најостро ќе реагираме кога некој ќе се обиде да ја искористи нашата тага и смртта на ДЕТЕТО АНГЕЛ – ФРОСИНЧЕ“, напиша Тодор Кулаков.
Тој истакна дека ќе бараат начини за институционално преземање одговорност и казнување на оние кои се вклучени во вакви злодела и манипулации. Оваа изјава од таткото доаѓа во време на зголемени напори од страна на различни групи за да се направи притисок за подобрување на безбедноста и правдата во државата.