Таткото на Ел Чека: Еролд Муслиу бил вмешан во случајот Куманово


Tаткото на Ел Чека, Мустафа Ахмеди за ТВ21 вели дека синоќа дојде од Албанија во Македонија за да покаже дека не постои ништо лично помеѓу Ел Чека и претседателот на ДУИ!

Мустафа Ахмеди истакна дека прислушуваните материјали на неговиот син, Ел Чека се исти како што објави во 2015 година Зоран Заев и кои ги достави на Катица Јанева, но тој е убеден дека бомбите не ги добил од страна на директорот на разузнавачката служба Еролд Муслиу, кој е нивен соселанец од село Туин, Кичево.

Ахмеди вели дека со семејството на Еролд Муслиу никогаш немале добри односи.

Ние со тие луѓе, со неговиот татко никогаш сме немале добри односи. Еролд Муслиу е човек кој работи во службите многу одамна. Беше и во времето на Мијалков. Ние имаме податоци, имаш предвид? Тој беше организатор на многу од средбите на Кумановската група, ако сакаш да знаеш”, вели Ахмеди.

ТВ21: Сакате да кажете дека бил вмешан во случајот Куманово!

Ахмеди: Да, и имаше средби!

-За Еролд велите?

Ахмеди: Еролд, да, да!

-Ви кажа Шеќерим или?

Ахмеди: Не, не! Знам од мои извори, имај предвид!