Таравари за Касами: Устата му зборува побрзо од мозокот!

Претседателите на четирите партии, кои се во состав на коалицијата Вреди вечерва ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за натамошното дејствување на коалицијата. Лидерот на дел од Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари денес од Гостивар порача дека е во постојана комуникација со претседателите на Беса, Биљал Касами, на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими и на Демократското движење, Изет Меџити во однос на натамошното политичко дејствување . Притоа изрази надеж дека ќе се изнајде надоброто можно решение, кое ќе биде во интерес на сите.
Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој е и претседател на Демократското движење пред неколку дена побара од Таравари да избере страна, дали ќе биде дел од „Вреди’ или ќе преговара со ДУИ за претстојните локални избори.
Претходно Таравари, за информациите дека добил понуди од „Вреди“ и од ДУИ да има 35 отсто од советничките листи и пет кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, Таравари рече дека не преговарал со ДУИ, а од „Вреди“ добил понуда, која повеќе може да ја нарече ултиматум отколку понуда.