Таравари: Објавен тендер за компресорите во хируршките сали


Полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар. Веќе е објавен тендер за компересорите кои не работат. Но, додека не заврши тендерот, што министерот ќе притиска да се случи и прад Нова година, оперативните зафати остануваат редуцирани.

– Максимум времето до кога треба да се поправи и да се завршат и да се вратат во функција се надевам дека ќе биде крајот на декември. Во меѓувреме ние ќе инсистираме доколку може што поскоро да заврши да бидат функционални салите на хирургија во Клиничкиот центар – изјави денеска министерот за здраство Арбен Таравари, кој имаше средба со новинарите. 

Таравари, меѓу другото, на средбата со новинарите најави дека за најмногу две недели ќе има нова Позитивна листа, но и модернизирање на јавното здравство, мобилни екипи за граѓаните да пријавуваат директно проблеми во здравството, преговори со доктори за работа во периферијата и друго. 

Ние сме единствената држава не само во регионот туку и во светот, каде што има приватни специјализации – изјави денеска министерот за здравство, Арбен Таравари кој најави дека неделава ќе се сретне со приватните специјализанти, а ветува дека ќе го среди проблемот со сите специјализанти, планира да ги вработи таму кадешто има дефицит на лекари и во иднина да нема приватни специјализанти.
.

Откако изминатиот период тие протестираа пред интерните клиники на Клиничкиот центар во Скопје, ресорниот министер рече дека целта на најавената средба е да се изнајде решение кое ќе биде прифатливо и за двете страни.

„Треба да се договориме да најдеме победничко решение за двете страни. Ние да им дадеме решение за работа, а тие да се вработат некаде што има дефицит на кадар, сѐ со цел тие места каде што недостасуваат луѓе да бидат дополнети со овие колеги. Но сепак потребен е договор меѓу нас, па потоа ќе излеземе со заедничка изјава“, посочи Таравари во денешната изјава за медиумите.

Тој информираше дека од септември го очекува и средба со деканот на Медицинскиот факултет, за да се направи стратегија со која одредени специјализации ќе бидат ставени во мирување.

И додека одредени специјализации ќе бидат во мораториум (затоа што на пример има многу општи хирурзи, но фалат педијатри, радиолози и патолози), други ќе бидат фаворизирани.

„Можеби ќе размислиме и за начин за мотивација за помладите доктори да одат на специјализација во области како што анестезиологија, радиологија, патологија, педијатрија и други што недостасуваат во државата“, истакна Таравари.

Претходно приватните специјализанти преку протестите се пожалија дека работат за плата од 26.000 денари, а при тоа немаат ниту здравствено ниту пензиско осигурување.

Тие пред околу два месеца изјавија дека очекуваат новиот министер за здравство веднаш по формирањето на Владата да ги повика во кабинетот, а потоа и да се работи на остварување на нивните барања.