Таравари отиде по рејтинг во Тирана

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, денеска оствари официјална средба во Тирана со премиерот на Албанија, Еди Рама, по последната победа на Социјалистичката партија на парламентарните избори, пренесува Zoom.mk.
Преку објава на социјалните мрежи, Таравари сподели фотографија од средбата, придружена со описот:
„Со најевропскиот премиер во моментов, или како што се вели насекаде во последно време: со Еди.“