Таравари не сака да оди на избори заедно со блокот на Меџити и Касами

Одметникот од ДУИ, Изет Меџити, и градоначалникот на Тетови, Билал касами, се по потрага по уште еден партнер во нивниот опозициски блок во обид да ги зголемат изгледите на следните избори. Овој двоец, заедно со Африм Гаши од Алтернатива, по напрасното излегување на вториот човек на Беса од партијата (Аријанит Хоџа) се обрати за соработка кон Арбан Таравари, претседателот на Алијанса за Албанците.
Изет Меџити го искористи собирот во Гостивар за да му испрати порака на градоначалникот Таравари да се обединат во опозицискиот фронт за да направеле голема промена.
Оваа порака не предизвика некој голем впешаток кај Таравари. Алијансата за Албанците е втора најсилна партија во албанскиот блок по ДУИ и Таравари не сака да го поткопува таа позиција влегувајќи во коалиција со три помали субјекти за кои не се знае која е нивната вистинска моќ. Алијансата на претходните избори одеше во коалиција со Алтернатива.
Арбен Таравари во изјава за ТВ21 рече дека е време АА сама да оди на избори поради претходните горки искуства. Ниту пак да биде со ДУИ во таканаречениот европски фронт. Тој вели дека пред изборите во 2020 ја молел Беса трите партии да одат заедно, но касами одлучил да излезе заедно со СДСМ. „Да одевме заедно ќе имавме 16 или 17 пратеници и ДУИ денеска ќе беше историја“.
Тој демантираше дека АА ќе оди на избори заедно со ДУИ, во таканаречениот Европски фронт