Таравари: Мицкоски со право ги условува уставните промени


Премиерот Христијан Мицкоски со право има одредени услови кои што ги бара за да се случат Уставните промени и мислам дека сосема е во право за тоа. Без согласност од ВМРО-ДПМНЕ не можат да се случат Уставни промени, истакна министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање.

-Треба да видиме кои се можни опции за да се помогне овој процес од сите страни, за да Македонија што побрзо ги започне преговорите со Европската Унија, додаде Травари.

Напомена и дека Алијанса за Албанците не излегува од Влада.

-Не планираме такво нешто, подвлече Таравари.

Прашан дали има комуникација со ДУИ рече: „Барем пратениците комуницираат едни со други и никој не може да каже дека една партија комуницира само со внатрешните членови. Сите партии комуницираат едни со други“

Според него има и анкети кои јасно покажуваат дека граѓаните не се задоволни од дејствувањето на ВЛЕН во Владата.

„Кажав вчера во една емисија дека има незадоволство од функционирањето на ВЛЕН, тоа е повеќе поради десинхронизацијата внатре со партиите дел од ВЛЕН. Тешко е со една партија, а не пак со четири партии. Ни треба подобра синхронизација. Впечатокот кај народот е лош, дека ВЛЕН не делува како што треба. Владата има доверба од 70 отсто, а 30 отсто се задоволни од ВЛЕН во Владата. Недостасува подобра синхронизацја за партиите внатре во ВЛЕН“, рече Таравари.