Таравари: Јавна тајна e дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ разговараат за ново мнозинство
Секојдневно имаме огромен број на луѓе кои од ДУИ преминуваат во Алијансата. Мислам дека во владејачката СДСМ има комплекс на нестабилност. Зошто инаку би се пребројувале? Одредени политички сигнали има, не е само БЕСА која што избега од мнозинството како пратеничка група, тука се ЛДП, Павле Трајанов. Тие бегаат од таму како да ќе се случи нешто. Слушаме и внатре во ДУИ што се случува, има огромно незадоволство и неслучајно нема кворум во парламентот. Мислам дека ќе имаме интересна и драматична политичка пролет, оцени за Утрински брифинг градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.
-Точно е тоа дека подолг период нема стабилно мнозинство во Македонија. Никогаш немало мнозинство кое не може да направи кворум и да изгласа закон. Постојат индикатори кои покажуваат дека оваа влада е дисфункционална. Јавна тајна е дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ разговараат за ново мнозинство, рече Таравари, без да објасни ако има преговори зошто нема резултат и зошто со леснотија и беше изгласана доверба на владата.