Таравари и на овие избори ќе ветува „албанска академија“

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, објави дел од изборните ветувања за локалните избори межу кои е и тоа за отворање на албанска академија на науки и уметности и зајанување на „историската вистина“ за Албанците во Македонија, без објаснување што значи тоа.
„По презентацијата на Националната платформа за Албанците во Северна Македонија, денес ја презентираме точката три – Образовни и културни политики, како фундаментален столб за одржлив развој и афирмација на нашиот национален идентитет. Платформата ја претставува нашата политичка ориентација, а нејзиното спроведување ќе се спроведува преку детална владина програма, која ќе содржи конкретни мерки, рокови и институционални одговорности.Образованието и културата се темел на силна нација. Поради оваа причина, ние сме посветени на:
• Зголемување на квалитетот на образованието на сите нивоа преку сериозни инвестиции во инфраструктура, дигитализација и развој на национална наставна програма што ги пренесува националните вредности, знаење и свест.
• Целосна поддршка за јавните универзитети, промовирање на научните истражувања и вклучување на албанските кадри од дијаспората во локалниот академски живот.
• Нагласување на улогата на албанскиот јазик, литература и култура на сите нивоа на образование, за зачувување на нашиот национален идентитет и наследство.
• Зајакнување на историската вистина преку содржини што градат здрава свест, национално достоинство и гордост за нашите корени.
• Промовирање на науката, технологијата и иновациите, особено кај младите, со цел албанската младина да биде конкурентна на локалниот и меѓународниот пазар на знаење.
• Проширување на можностите за стипендии и академски размени, како и поврзување на нашите студенти со меѓународни мрежи на квалитетно образование.
• Создавање на Албанска национална академија, која ќе обучува и формира нови политички, административни и општествени кадри во духот на заслуги, професионализам и посветеност на нацијата.
Ова е нашата визија за национално, квалитетно и модерно образование; за култура што го обединува и зајакнува албанскиот идентитет во секој агол од земјата, како државотворна нација во Македонија“, порача Таравари.