Таравари и Клековски им посакаа успех на специјализанти, 89 кандидати за вработување во 13 клиники на Клинички

Министерот за здравство, Арбен Таравари, и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска им посакаа успех на специјализантите пред започнувањето на нивното тестирање за вработување.
“Втора седница на Влада минатата година донесовме одлука проблемот со приватните специјализанти да се реши. Вкупно беа 600 специјализанти, на апликацијата аплицираа 584 приватни специјализанти.”
“Денеска веќе започнува процедурата, конкурсите се отворени во повеќето болници.”
“Конкретно, бевме во амфитеатарот на Имунологија, 89 кандидати за вработување, приватни специјализанти, коишто ќе се вработат во 13 клиники во Клинички центар.” Министерот Таравари во изјава за медиумите објасни: “Во понеделник продолжува тестирањето за Тетово и за Гостивар и следните денови идната недела продолжува тестирањето за првите 300 специјализанти, така да, решаваме еден долгогодишен проблем.”
Тој исто така потенцираше дека постои дефицит на кадар во повеќето болници и клиники во земјата. За првата група од 300 лица, Таравари изрази надеж дека процесот на тестирање и интервјуирање ќе биде финализиран до крајот на следната недела, по што комисии ќе утврдат кои кандидати ги исполнуваат условите и ќе бидат издадени решенија за работа.
Министерот најави дека останатите, помалку од 300 специјализанти, ќе бидат разгледувани кон крајот на годината, во месец ноември. “Им посакавме среќа на специјализантите, сите да поминат и да се вработат”, додаде Таравари.
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Клековски, изјави дека активно се работи на разрешување на статусот на договорците во целиот здравствен систем.
На новинарско прашање, Клековски одговори: “Процесот се одолговлечи бидејќи мораше да се запазат сите законски процедури.”