Таравари: Хрватска има и одлична морнарица, ама ние немаме море
Хрватска има одлична морнарица, но не можеме да ја земеме за пример затоа што ние немаме море, вели претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во ексклузивно интервју за „Топ Њус”, одговарајќи на најавите на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени. Тој вели дека АА е партија која ги имала и секогаш ќе ги има отворени вратите за секој што ќе ја гледа оваа земја подобро. Алијансата за Албанците не ја анализирала иницијативата на ДУИ, Алијанса за Европа, но Таравари вели дека тоа е иницијатива која му се допаѓа пред се затоа што во основата го има името на неговата партија, и тој во неговата идеологија е сојузник.
На прашањето за уставните измени и коментарот на новинарот дека се чини дека “СДСМ и ДУИ како да имаат став дека сега Уставните измени сега се прават само за делот на вклучување на бугарската заедница, а не и за дефинирање на албанскиот јазик, од 20 проценти на албански јазик” додаде дека приговорите на неговата партија се направени по консултација со “стручњаци од сите области”
– Во однос на прашањето за 20% сметам дека тоа е чорба која не е и доликува на ниту една партија, а камо ли на Уставот кој треба да биде најгордиот документ на една држава. Како СДСМ, а малку повеќе ДУИ, не сакаат еден извонредно историски и богат јазик, како што е албанскиот јазик, да се крие под навредливи термини како 29,36 или 48%. – изјави тој.