Таравари добил најмногу, но сака уште од изборниот „плен“ на ВЛЕН на локалните избори
Партнерите од ВЛЕН му понудиле на Таравари 35% од општините, но тој калкулира и со „други опции“. Смета дека местото во владата не му е загрозено

„Од следната недела ќе организираме состанок со ограноците со нашата партија за да ја чуеме нивната порака, што мисли избирачот, не само членот, затоа што од членовите добиваме рефлексија тука, но ни е важно и мислењето на избирачите. Без разлика како ќе одлучиме, каква и да е поделбата што ќе ја направиме, на крајот гласачот треба да ја оцени, да ја почитува и да биде мотивиран да излезе и да гласа за таа опција која ќе ја избере Алијансата за Албанците, изјави Арбен Таравари, претседател на АА, по завршувањето на неколкучасовниот состанок на партијата.
На седницата, според него, се разгледала понудата на партнерите од ВЛЕН, кои му понудиле на Таравари 35% од општините.
„Тие ни ја дадоа оваа понуда преку пратениците, не знаеме како тие ја поделиле меѓу себе, ќе видиме како е поделбата, што ќе добие Беса, ЛД, Алтернатива, ова е многу важно за нас. Исто така ние ќе имаме наши две понуди. Сметам дека преговорите мора да продолжат и да дадеме максимум до крај ако можеме да постигнеме заеднички договор за излез на избори како ВЛЕН. Понудите ги подготвува специјалната група што ќе ја назначи раководниот совет на партијата. Ќе имаме две опции, за ВЛЕН двe можни опции ако не постигнеме договор – АA ќе излезе сама на листата на советници како втора опција, додека за градоначалниците ќе видиме каде имаме интерес со ВЛЕН, каде имаме интерес со друга партија, каде ќе бараме можеби поддршка од некој друг, но за листите на советници ако не излеземе заедно со ВЛЕН, тогаш листите ќе бидат наши,“ изјави Арбен Таравари.
Откако Таравари ги симна преговорите од лидерскона ниво на пратеници, Меџити, Касами, Ибрахими и Ќоку како независен пратеник во ВЛЕН му ја дадоа последната понуда. Според Ќоку, лидерите на ВЛЕН понудиле 35% од општините за учество на локалните избори, при што прецизирале дека над оваа понуда нема повеќе преговори. Овој последен обид, според Ќоку, бил за да се зачува единството во рамките на ВЛЕН.
Предлогот е трите партии, ЛД, Беса, Алтернатива да имаат по три сигурни општини за кандидатури и четвртата потенцијално, додека Алијансата за Албанците на Таравари да има 4 сигурни и петата потенцијално, како и да се привилегира АА со две урбани општини, кои реално се освојуваат. Во процент, ова ја достигнува квотата од 35% од општините. Препорачаните општини за Алијансата за Албанците на Таравари се:
• Гостивар,
• Струга,
• Врапчиште
• Една од општините Ликово/Харачино/Студеничан
• Една од општините Бервеница/Чашка
Истовремено, трите партии на ВЛЕН се согласија дека каде што има кандидат една партија, таа да има и 40% од листата, додека остатокот од локалната власт да се распределува така што и другите партии да бидат вклучени (со претседавач на Советот на Општина, секретар на општина, директори на претпријатија итн.). Со прифаќањето на овој предлог, од следната недела може да започне со формирање на заеднички штаб на ВЛЕН, можност која во иднина би влијаела и на кохезијата на коалицијата и стопувањето во една заедничка партија.
Меѓутоа, на денешниот Собир на АШС, Таравари го промовираше Исен Шабани како ново пристигнување во партијата, нагласувајќи дека Алијансата веќе управува со две општини, Гостивар и Врапчиште.