Таравари: Алијанса не е ни такси за превоз, ни чамец за спасување

„Изјавуваме дека ја гледаме судбината на овој народ посериозно отколку само конкретни имиња и дека сме ослободени од нивните комплекси, кои се трансформирале во Едипов комплекс. Ние не правиме никакви потези за ничие задоволство или лутина! Дури и оние што даваат пророштва во наше име, како Баба Ванѓа, треба да се занимаваат со пообјективни работи отколку со предвидување на иднината.
Ние не сме ниту такси што нè користат за превоз, а потоа ни ги одземаат клучевите, ниту чамец за спасување за имиња и презимиња. Ние сме Алијансата за Албанците, работиме само во интерес на народот“, се вели во реакцијата на Таравари.
За денеска е најавена средба меѓу Таравари и премиерот Христијан Мицкоски. На неа, премиерот ќе бара одговор во која насока оди коалицискиот партнер АА. За него е неприфатливо ако Таравари одлучи да поддржи кандидати на ДУИ на локалните избори.
За дел од познавачите на состојбите, барем засега и во овој даден политички момент, не се очекува враќање на ДУИ на „мала врата“ во Владата. Според изјавата на аналитичарот Благојче Атанасоски за „Локално“ , со самото тоа што ДУИ се уште е проектирана како политичка „баба рога“, не само за власта, туку и за македонскиот политички простор, не може да биде партиципиент во владата.
-Ова е политички индивидуален чекор на Таравари, согласно неговите политички комбинаторики и математики, смета Атанасоски во разговор за „Алсат“.
Оценува дека евентуалното излегување на Таравари од владините редови нема да предизвика потрес во власта, бидејќи според него, ова владеачко мнозинство е составено од 78 пратеници, така што неколку пратеници помалку (4-5) не може да предизвикаат криза во владините редови.
-Повеќе може да предизвикаат политички реакции во т.н албански политички блок, што ќе се рефлектира на идните локални избори и изборниот резултат во средините со доминантно албанско население, посочува соговорникот.
Следствено на тоа, доколку има предвремени парламентарни избори, Атанасоски смета дека ќе биде одлука на изборот на власта за да спречи поголем одлив на гласови, не поради евентуално излегување на Таравари од власта.
-Така што таа одлука, дали министерот за здравство ќе продолжи да биде дел од владејачката гарнитура или ќе оди во опозиција, не е фактор Х кој ќе детектира дали ќе се случат предвремени парламентарни избори, заедно со локалните, тврди политичкиот аналитичар. денес изјави дека средбата со Мицкоски е во контекст на континуирана комуникација и дека не очекува ништо посебно од оваа средба, пишува Алсат.
Таравари пак пред средбата изјави дека не очекува ништо посебно.
-Денеска имаме средба со Мицкоски, ништо посебно, имаме постојана комуникација, така што не очекувам ништо посебно. Ги кажавме нашите ставови, ние сме автономна партија, носиме свои одлуки, ќе разјасниме некои работи за кои мислам дека не му се јасни. Алијансата за Албанците дефинитивно ќе излезе со посебни листи за советници, додека за кандидати за градоначалници, најверојатно ќе има свои кандидати“, изјави Таравари.