Таравари: Ако ВЛЕН се обедини во една партија, ние ќе соработуваме


Претседателот на Алијансата за Албанците, дел од коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари во емисијата ClickPlus ги коментираше  последните случувања во рамки на коалицијата ВЛЕН, каде се дискутира за обединување во една политичка партија. Таравари изјави дека доколку коалицијата ВЛЕН се обедини во една партија, Алијансата за Албанците е подготвена за соработка на локалните избори.

„Не ги сакам ултиматумите, никогаш во животот не сум функционирал со ултиматуми, напротив, тоа создава лошо чувство. Затоа што станува збор за прифаќаш или не. Ако дојде до тоа, јас оставам простор за разговор, за да видиме дали можеме да најдеме заеднички јазик, бидејќи за обединување воопшто не се зборуваше во последниве 4-5 месеци. Повторно можеме да ја отвориме таа тема, сме подготвени да разговараме, но ако ни се каже одеднаш – следната недела решивме да се обединиме, а јас тоа не го знам, значи координацијата за обединување требало одамна да се направи“, изјави Таравари.

Тој рече дека се подготвени како Алијанса за соработуваат на локалните избори.

„Ако се обедините, тука сме како Алијанса да соработуваме со вас на локалните избори. Ако мислите дека Алијансата за Албанците не треба да учествува со вас, тогаш ќе настапиме самостојно. Подобро чесно да се обидеме, да побараме поддршка таму каде што мислиме дека треба и од оние од кои мислиме дека треба да побараме поддршка – нашата цел ќе биде како политичка партија да победиме во неколку општини“, изјави претседателот на АА, Арбен Таравари.