Таравари: Акцелераторот во Штип не е распакуван, да се размисли дали може да се стави во употреба каде било


Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информира дека акцелераторот во Штип воопшто не е користен, а не е ниту распакуван.

– Не е лошо да се размисли дали може акцелераторот да се стави во употреба каде било – вели Таравари.

Кога вчера бил во штипската болница, го прашав раководството каде е апаратот.

– За жал, апаратот сѐ уште не е во Штип, се чува некаде, најверојатно уште не е распакуван и воошто не е користен. Не  е лошо да се размислува за идејата дали може да се стави во употерба каде било, зашто воопшто не е користен. Таму бункерот не е среден за да се распакува апаратот кој не е ни отворен, рече министерот, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за набавка на мобилен рентген апарат.