Таранто 2026: Четврто учество на македонските спортисти на Медитерански игри – одбојкарките почнаа со пораз
Со свеченото отворање вечерва во италијанскиот град Таранто ќе биде означен почетокот на 20. те Медитерански игри. За македонските спортисти ова ќе биде четврто учество, по Мерсин 2013, Тарагона 2018 и Оран 2022 година.
Македонскиот тим ќе биде најброен досега со 88 спортисти кои ќе се натпреваруваат во 4 екипни спортови и во 15 индивидуални. Заедно со придружниот тим ова е најбројна спортска делегација со вкупно 130 членови.
Медитерански игри со натпреварувачкиот дел стартуваа вчера со дуелите во одбојка, а ќе траат до 3. септември кога се планирани само неколку спортови и свеченото затворање на Игрите.
Со пораз македонските одбојкарки ги почнаа Медитеранските игри
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со убедлив пораз ги започна настапите на Медитеранските Игри во таранто. На отворањето на одбојкарскиот турнир во женска конкуренција, избраничките на селекторот Гавриловиќ одиграа лош натпревар во кој се посрамија во првиот сет, а потоа успеаја барем делумно да ја подобрат играта, иако резултатски беа далеку зад ривалот.

МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА 0:3 (4:25, 16:25, 15:25)
Турчинките издоминираа во првиот сет оставајќи ни само четири поени, што е рамно на дебакл. Во вториот сет успеавме да ја поправиме играта за нијанса и да дојдеме до 16 освоени поени, додека во завршниот сет Турција не ни дозволи повеќе од 15 поени.
По овој очаен почеток, следуваат мечеви во кои оваа генерација мора да покаже со што го заслужи местото на ваков елитен спортски настан. Следниот е против Косово во понеделник, а потоа следуваат мечевите со грција и со Алжир.
На досегашните три учества на Медитерански игри македонските спортисти имаат освоено 14 медали: 3 златни – 2 сребра и 9 бронзи.
На свеченото отворање на Медитеранските игрите ќе присуствува и претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, што претставува значајна поддршка за македонските спортисти.