Тамират Тола од Етиопија постави олимписки рекорд на маратонот во Париз


Атлетичарот Тамират Тола од Етиопија ги претрча 42 – та километри од маратонот на Олимписките игри во Париз за време од 2.06.26 со што постави нов олимписки рекорд.

Претходниот олимписки рекорд беше поставен на игрите во Пекинг, од  Самуел Камау Ванџиру од Кенија и изнесуваше 2:06:32, додека светскиот рекорд го држи друг Кениец, Келвин Киптум и изнесува 2:00:35 поставен во октомври минатата година во Чикаго.

Второто место на денешната трка му припадна на Башир Абди од Белгија, а третото на Бенсон Кипруто од Кенија.

Во оваа трка учествуваше и нашиот маратонец Дарио Ивановски, кој ќе се обиде да го подобри неговото најдобро време од 2:08:26, остварено оваа сезона, што е и национален рекорд во маратон. Сепак, тоа не му успеа на нашиот маратонец. Тој ја заврши трката на 69 место, со време од 2:25:15

Инаку во трката учествуваа 80 натпреварувачи.