Тамара откри каква е состојбата на Панчо

Поп-ѕвездата Тамара Тодевска која е добра пријателка со Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК, и со кое има снимено повеќе дуетски песни, на социјалните мрежи одговараше на прашања од своите фанови, па еден од нив ја праша дали има информации за неговата здравствена состојба, по пожарот во Кочани во дискотеката “Пулс”.
“Панчо е фала му на Бога подобар. Се молиме за него што поскоро да ни се врати”, одговори таа, споделувајќи фотографија од нивен заеднички настап.
Панчо беше во критична состојба откако беше тешко повреден во пожар што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Беше приклучен на апарати во „Систина“.