Тамара на евровизиска забава во Мадрид, еве како се облече
Поп-ѕвездата Тамара Тодевска (38) синоќа настапи на големата евровизиска забава во Мадрид, која традиционално се одржува секоја година во шпанската престолнина.
Тамара настапи пред бројните евровизиски фанови и направи вистински спектакл, пеејќи ги двете песни со кои досега настапи на Евровизија – „Let Me Love You“ (2008) и „Proud“ (2019), а публиката ја поздрави со силен аплауз.
Нашата најуспешна преставничка на Изборот на песна за Евровизија, која го освои високот 7. место со песната „Proud“ во 2019 година, се појави на настанот во провокативна модна комбинација – секси проѕирно боди, широки фармерки и сандали на високи потпетици.
Тамара позираше на црвениот килим со нејзиниот партнер, архитектот Лука Радовиќ, но и со годинашната српска претставничка Теодора Павловска, позната како Теја Дора.