Тамара Котевска од Сибир: „Патување пеш“ е гласот кој се надевам ќе ја разбуди македонската публика


Награди, македонска премиера и уникатен концерт синоќа го обележија затварањето на јубилејниот петнаесетти фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ под ѕвезденото небо на Куршумли ан. 

Публиката ја дочека македонската премиера на документарниот филм „Патување пеш“ на македонската режисерка Тамара Котевска. Неговото снимање траело две години на територија на повеќе од 10 земји низ кои патува Амал (Надеж), џиновска кукла висока 3,5 метри. Таа ја претставува вистинската Амал, деветгодишно девојче од Сирија кое само пребегува во Турција.

Филмската екипа на „Патување пеш“ синоќа во Куршумли ан, фото: „МакеДокс“ фото тим

Својата европска премиера филмот ја доживеа во конкуренција на најголемиот фестивал за човекови права „FIFDH“ во срцето на Женева, а светската премиера беше во Њујорк. Ова е втор долгометражен документарен филм на режисерката Тамара Котевска и следи по големиот успех на „Медена земја“ за кој доби три награди на филмскиот фестивал „Санденс“ во САД во 2019 година, а следната 2020 имаше две номинации за Оскар.

„Во филмот учествуваат и актерите Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија, кои ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле сè, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште“, дообјаснуваат организаторите на фестивалот.

„За жал, не можев да присуствувам на затворањето на МакеДокс и пораката ја снимив малку порано. Ми беше многу тешко да не сум таму на сопствената премиера, со сите вас и да ги почувствувам сите емоции коишто вие ги чувствувате. Лично бев многу интимно мотивирана да го направам филмот, токму поради тоа што потекнувам од земја во која што бегалците се невидливи и тоа сите ние го знаеме и го сведочиме. Ние не смееме да останеме слепи на овој проблем. Овој филм е гласот кој се надевам ќе ја разбуди македонската публика да сфати дека бегалците не се невидливи и постојат во секоја земја. Ова е сериозен проблем кој допрва ќе станува на светско ниво и ние може многу да направиме, пред се со тоа што нема да имаме предрасуди. Се надевам дека допре до сите вас и ќе направи промена“, рече Котевска во видепораката до публиката од Сибир, каде снима нов документарец.

 

Главен продуцент на „Патување пеш“ е британската филмска компанија „Греин медија“, македонски копродуцент е „ОХО продукција“, а доби поддршка и од македонската Агенција за филм.

Композиторот на филмската музика во „Патување пеш“, Дуке Бојаџиев, синоќа, приреди уникатен концерт за присутните заедно со својот ансамбл свирејќи ја музиката од филмот во живо,