„Talavera de la Reina“ – Моден викенд Скопје го слави занаетот и модата инспирирани од старошпанската керамика
Амбасадата на Шпанија кани на презентацијата за мода и занает „Дијалози“ во четврток, 28 март во трговскиот центар East Gate, деловен простор.
Прославувајќи го занаетот и модата инспирирани од керамиката „Talavera de la Reina“ и жителите на Талавера, настанот се организира во соработка со Моден викенд Скопје и многу талентирани уметници: модните дизајнери Роберт Ивановски и Магдалена Таневска; занаетчии и грнчари: Анета Попова, Слободан Столески, Христина Крстеска, Татјана и Борче Богоевски.
Презентацијата „Дијалози за одржливи практики“, служи како точка на спојување помеѓу модата и занаетчиството. Тоа го означува заедничкиот напор меѓу македонските модни дизајнери и вештите грнчари. Ќе претставиме капсулната колекција, црпејќи инспирација од сложени модели и техники пронајдени во старошпанската керамика „Talavera de la Reina“.