Талат Џафери: И моите деца имаат право да бидат примени на работа
Претседателот на Собранието, талат Џафери, денес се правдаше пред новинарите дека, како и другите, и неговите деца имаат право да конкурираат и да бидат примени на работа.
Неговата изјава беше реакција на информацијата дека синот, Барлет Џафери, е меѓу тие кои се квалификуваа да станат судии и јавни обвинители иако Антикорупциската комисија отвори случај поради полагањето правосуден испит – пред воопшто да заврши универзитет.Сепак во недостаток на докази предметот е затворен и на тоа се повикува и Џафери.
-Јас сум свесен како претседател на Собранието и како носител на јавна функција сензацијата е поголема кога се работи за член на семејството на носител на јавна функција. Антикорупциската комисија имаше постапка и таа е запрена, односно не можеше да се утврди злоуотреба од страна на син ми. Работата на институциите е друга работа и тоа не не засега ни мене ни, мојот син. Во секој случај како сите граѓани во државата, така и моите деца ги уживаат сите права и можности во ова општество, изјави Џафери.
Освен синот на Џафери на ранг листата за идни судии и обвинители се најдоа и други деца на судијки и обвинители, снаи, сопруги и блиски на актуелни политичари, судии и обвинители.