Тајгер Вудс се преврте со автомобил, го ваделе пожарникари


Најдобриот голфер на сите времиња, Тајгер Вудс имал сообраќајна несреќа.

Тој се превртел со автомобил во Лос Анџелес.

Полицијата добила повик за сообраќајна незгода и голема штета на автомобилот кој се превртел, се наведува во соопштението, пренесоа американските медиуми.

Наведуваат дека 45-годишниот голфер извлечен е од автомобилот со помош на пожарникари и итна помош.

Пренесен е во локалната болница.