Тајфун во Јапонија: 23 лица загинаа, владата ја распоредува војската
Јапонија распореди десетици илјадници војници и спасувачи, откако беше погодена од една од најсилните бури во последните години, во која досега загинаа 23 лица.
Тајфунот Хагибис предизвика бројни лизгања на земјиште јужно од Токио, а потоа се префрли на север и доведе до поплави. Јавниот сервис НХК објави дека 13 лица се пријавени како исчезнати.
Во Нагано, водата ги поплави и јапонските возови, па луѓето беа извлекувани со хеликоптери.
Ангажирани се 27.000 припадници на војската и спасувачките служби, соопштија јапонските власти.
– Владата ќе стори сé што е во нејзина моќ, рече премиерот Шинѕо Абе, ветувајќи дека ќе ангажира повеќе луѓе ако има потреба.