Објавена библиографија на Книгоиздателството „Матица македонска“ по повод 30 години дејност
По повод триесетгодишнината од основањето, Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје, во соработка со Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ објави библиографија на изданијата публикувани од август 1991 до октомври 2021 година. Составувач и уредник на публикацијата е Стана Атанасовски, библиотекар-советник, а каталошката обработка ја направија вишите библиотекари: Габриела Крстевска, Катарина Марковска-Саздова и Елена Борисова …