Ќе се интензивираат контролите за цените на билетите за траектите во Грција


 Преку писмо до Комисијата за конкурентност, министерот за поморство на Грција Христос Стилианидис побарал поблиска соработка за справување со појави на драстични и неоправдани зголемувања на цените на траектите во земјата, како и за заштита на потрошувачите, јави дописничката на МИА од Атина. Во оваа насока, портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен …

Ќе се интензивираат контролите за цените на билетите за траектите во Грција Read More »

Додека сите си го скратуваат работното време, во соседна земја воведуваат шести работен ден!


Законот е познат само во Грција под бројот 5053/2023 и всушност требаше да стапи на сила на први март. Но, поради стравувањата за тоа што ќе значи на изборите за Европскиот парламент, владата на Кирјакос Мицотакис го одложи стапувањето во сила на законот за почетокот на јули. Бидејќи тоа е закон кој тешко може да …

Додека сите си го скратуваат работното време, во соседна земја воведуваат шести работен ден! Read More »

Грците лути поради огномет од јахта што запали шума: „Имаат повеќе пари отколку мозок“


Огномет испукан од јахта во Грција во петокот предизвикал шумски пожар на островот Хидра, соопштија локалните пожарникарски власти. Пожарот ја изгоре единствената борова шума на туристичкиот остров јужно од Атина. Пожарот едвај бил ставен под контрола. Бидејќи нема патишта до плажата, пожарникарите морале да и пријдат по море, додека хеликоптери испуштале вода од воздух, пишува …

Грците лути поради огномет од јахта што запали шума: „Имаат повеќе пари отколку мозок“ Read More »

Загина македонска државјанка, а три жени се повредени во сообраќајка кај Солун


Македонска државјанка на 30 години загина, а три млади девојки се повредени во тешка сообраќајка која се случила во близината на Солун. Според gрчките медиуми, 30-годишна жена е почината, а нејзини две сопатнички се во болница во Верија, додека една е во Солун. Во Верија е пренесена 27-годишна жена која веднаш е подложена на опеорација, …

Загина македонска државјанка, а три жени се повредени во сообраќајка кај Солун Read More »

Грција е во сè поголем проблем поради масовниот туризам


Во Грција е неопходно да се спроведе реформа и да се редефинираат законите кои се однесуваат на туризмот, наведува Индипендент. Минатата година Грција ја посетиле околу 33 милиони луѓе, што е за 5 милиони повеќе од претходната година. Туристите ги привлекуваат античките археолошки локалитети, тиркизните медитерански води и сигурната летна сезона. Сепак, заштитникот на граѓаните …

Грција е во сè поголем проблем поради масовниот туризам Read More »

Во Грција 5.500 апсења за семејно насилство во пет месеци, Владата предлага засилени мерки


Привремен притвор и до шест месеци за сторителите на кривично дело семејно насилство; целосно издржување на затворските казни без можност за условно ослободување или ублажување на казната; заштитата на жртвата со ослободување од обврската да се појави на рочиштето; отворање специјална платформа со можност за пријавување семејно насилство и од трети лица, се дел од …

Во Грција 5.500 апсења за семејно насилство во пет месеци, Владата предлага засилени мерки Read More »

Грција формира државен фонд за стабилизација


Грција планира да формира државен фонд за стабилизација кој ќе ги инвестира средствата од продажбата на државните средства во инфраструктурни и зелени проекти, изјави министерот за финансии Костис Хацидакис. Фондот ќе ги инвестира средствата од продажбата на имотот оставен во државна сопственост по грчката должничка криза, вклучувајќи недвижен имот, пристаништа и комунални услуги, објасни министерот …

Грција формира државен фонд за стабилизација Read More »

Петмина странски туристи се исчезнати или мртви на грчките острови. Последниот меѓу нив е Американец


Американски турист во неделата бил пронајден мртов на плажа на грчкиот остров Матраки. Тоа е последниот во серијата странски туристи пронајдени мртви или пријавени за исчезнати во текот на изминатата недела. Посмртните останки на исчезнатиот Американец се откриени околу 13:30 часот по локално време на плажа во близина на старото пристаниште на островот Матраки, изјавија …

Петмина странски туристи се исчезнати или мртви на грчките острови. Последниот меѓу нив е Американец Read More »

Над 44 степени највисоката максимална температура во Грција во текот на вчерашниот ден


Екстремно високи температури биле регистрирани вчера во повеќе делови на Грција, а на островите Крит и Родос, на Пелопонез и во областа Атика, поширокиот регион на Атина термометарот покажал меѓу 43,3 и 44,5 степени Целзиусови, според податоците на Националната опсерваторија и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина. Од вкупно 500 активни метеоролошки станици …

Над 44 степени највисоката максимална температура во Грција во текот на вчерашниот ден Read More »

Поради топлотниот бран затворени училишта и градинки во Грција, но и Акропол


Во периодот од 12 до 17 часот Акропол ќе биде затворен за посетители, а затворени денеска и утре ќе бидат и училиштата и градинките во повеќе делови на Грција, поради топлотниот бран што ја зафати земјата, а се очекува да кулминира во текот на утрешниот ден, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за …

Поради топлотниот бран затворени училишта и градинки во Грција, но и Акропол Read More »

Пронајдено е телото на исчезнатото 11-годишно девојче од Грција- вујко ѝ ја убил


Василики Николопулу (11), која исчезнала вчера вечер во 21 часот и 10 минути, била пронајдена мртва, избодена со нож во вратот, а роднината на девојчето наводно го признал делото. Девојчето исчезнало вчера вечер од месноста Миртија во Пиргос, а денеска била пронајдена во месноста Катарачи со убодни рани на вратот. 11-годишното девојче било пријавено за …

Пронајдено е телото на исчезнатото 11-годишно девојче од Грција- вујко ѝ ја убил Read More »

Грција избрана за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН за периодот 2025 – 2026 година


 Со поддршка од 182 држави, од вкупно 188 земји кои гласаа, Грција попладнево беше избрана за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации за периодот 2025 – 2026 година, а шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис коментираше дека „Денеска е историски ден за Грција“, јави дописничката на МИА од Атина. Откако беше изгласана …

Грција избрана за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН за периодот 2025 – 2026 година Read More »

Зголемен број случаи на пертусис во Грција, од голема кашлица починале две бебиња


Две бебиња помали од два месеци починале од пертусис (голема кашлица) во Грција, а три биле хоспитализирани на одделот за интензивна нега за новороденчиња, додека во изминатиот период во земјата е регистриран зголемен број случаи, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.  Од почетокот на годинава заклучно …

Зголемен број случаи на пертусис во Грција, од голема кашлица починале две бебиња Read More »

(Видео) Грчка телевизија случајно пренесувала во живо кражба на плажа кај Атина


Повозрасна жена остана без нејзиното ланче на атинска плажа откако во моментите кога се подготвуваше да влезе во море, непознато лице насилно и го извади од вратот и побегна, а сето тоа го сними грчката телевизија Скај за време на вклучувањето во живо за сосема друга тема, јави дописничката на МИА од Атина. Додека новинарот …

(Видео) Грчка телевизија случајно пренесувала во живо кражба на плажа кај Атина Read More »

Во Грција престојуваат околу 7.500 туристи од германскиот тур-оператор „ФТИ“ што прогласи банкрот


Механизмот на Министерството за туризам на Грција е во состојба на готовност, откако германската групација „ФТИ“, што е третиот најголем тур-оператор во Европа, достави барање за банкрот, а процените се дека во моментов во земјата престојуваат околу 7.500 странски туристи, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, главната …

Во Грција престојуваат околу 7.500 туристи од германскиот тур-оператор „ФТИ“ што прогласи банкрот Read More »

Грците ги следат плажите со дронови, казните за кршење на правилата се огромни


Во март грчкиот парламент донесе нов закон за користење на јавниот имот во крајбрежните области и со тоа стапи на сила одлуката дека 50 отсто од плажите мора да бидат јавни. Сепак, веќе е утврдено дека многу приватни сопственици, хотели и ресторани и кафулиња не го почитуваат тоа. Затоа, владата лансираше дронови за да провери …

Грците ги следат плажите со дронови, казните за кршење на правилата се огромни Read More »

Уапсен турски државјанин за подметнати пожари во Атина


За пожари на брдо во атинска населба, уапсен бил турски државјанин, кој го признал делото, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас преку платформата Икс соопшти дека на конкретното брдо во текот на месецов имало три пожари, …

Уапсен турски државјанин за подметнати пожари во Атина Read More »

Мицотакис: Кога некој влече јаже, треба да биде подготвен да се скине


Пораката дека „европскиот пат на Северна Македонија поминува низ Грција“ и може да остане затворен во случај да не се почитува договореното, ја повтори грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за весникот „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина. -Кога некој го влече јажето, ќе треба да биде подготвен да се скине. И ако …

Мицотакис: Кога некој влече јаже, треба да биде подготвен да се скине Read More »

Грција на второ место во светот по „Сини знамиња“ со 652 наградени плажи, марини и јахти


 Вкупно 625 грчки плажи, 18 марини и девет туристички јахти оваа година ја освоија меѓународната награда за квалитет „Сино знаме“ со што Грција останува на второто место во светот во конкуренција од 52 земји, јави дописничката на МИА од Атина. Во програмата „Сино знаме“ право на учество имаат организирани плажи, марини и јахти, а за …

Грција на второ место во светот по „Сини знамиња“ со 652 наградени плажи, марини и јахти Read More »

Грција почна операција за дипломатска изолација на Македонија


  Поранешниот министер за здравство во една од вмровските влади, Никола Тодоров (потоа исклучен од партијата), пред да почне силната тирада од Атина по инцидентот со заклетвата на новата претседателка, при едно гостување на медиумите парафразирано рече: Со блокадата и заканите од Софија некако ќе се справиме, но ќе биде многу лошо за Македонија ако …

Грција почна операција за дипломатска изолација на Македонија Read More »