Во Мексико за помалку од еден месец убиени четворица новинари


Во западниот дел на Мексико вчера е убиен уште еден новинар, јави весникот во кој работел, а тоа беше четвртото вакво убиство во земјата за помалку од еден месец. -На колумнистот Роберт Толедо, кој работеше за нашиот онлајн весник, му пришле три лица и го застрелале, изјави во видео порака на Фејсбук директорот на весникот …

Во Мексико за помалку од еден месец убиени четворица новинари Read More »

Во Мексико во 2021 година биле убиени над илјада жени


Во Мексико, каде стапката на убиства на жени е меѓу највисоките во Латинска Америка, во 2021 година биле убиени 1.004 жени. Во извештајот на Националниот секретаријат на системот за јавна безбедност се наведува дека од 1 јануари до 31 декември 2021 година, 1.004 жени загинале како последица на насилство во Мексико, јави Анадолија. Ова е највисока бројка од 2015 година, а …

Во Мексико во 2021 година биле убиени над илјада жени Read More »

Мексико со рекорден број заразени од коронавирус, над 30.000 случаи за еден ден


Мексико– Мексико во саботата постави рекорд по бројот на потврдени дневни случаи на инфекција со коронавирус, бидејќи, според официјалните податоци, се регистрирани повеќе од 30.000 нови случаи. Министерството за здравство во саботата соопшти дека 30.671 нови случаи биле заразени со коронавирус, откако во претходните три дена биле пријавени повеќе од 20.000 нови случаи. Сепак, бројот …

Мексико со рекорден број заразени од коронавирус, над 30.000 случаи за еден ден Read More »

Мексико прими рекордни над 130.000 барања за азил во 2021 година


Мексико – Мексико минатата година прими рекордни 131.448 барања за азил, соопшти вчера мексиканската Национална агенција за заштита на бегалци. – Бројот на апликации речиси двојно го зголеми рекордот поставен во 2019 година, објави на Твитер генералниот координатор на Мексиканската комисија за помош на бегалците (Комар) Андрес Рамирез Силва. Во 2019 година Мексико прими 70.341 …

Мексико прими рекордни над 130.000 барања за азил во 2021 година Read More »

Мексико одобри употреба на кубанската вакцина против Ковид-19


Мексико – Мексиканскиот регулатор за лекови ја одобри кубанската вакцина против КОВИД-19 „Абдала“ за итна употреба. Абдала е десетта вакцина против Ковид одобрена од Федералната комисија за заштита од здравствен ризик за употреба во Мексико. Кубанските вакцини се базираат на рекомбиниран протеин, технологија што ја користат и американската фармацевтска компанија Новавакс и француската Санофи. Според кубанските научници нивната ефикасност е над 90 …

Мексико одобри употреба на кубанската вакцина против Ковид-19 Read More »

Во сообраќајна несреќа во Мексико загинаа најмалку 25 мигранти


Најмалку 25 централноамерикански мигранти загинаа, а десетици се повредени во Мексико, кога камион кој ги пренесувал излетал од патот. Возилото излетало од патот меѓу градовите Сојале и Чикоасена, во јужниот дел на сојузната држава Чиапас, а која граничи со Гватемала. Главниот обвинител во земјата вели дека во несреќата најмалку 25 се загинати и 29 се …

Во сообраќајна несреќа во Мексико загинаа најмалку 25 мигранти Read More »

Трамп се закани со вето ако Конгресот гласа против ѕидот кон Мексико


Американскиот претседател Доналд Трамп подготвен е првпат да употреби вето ако Конгресот биде против неговата објава за вонредна состојба долж границата со Мексико. Тоа го нагласи денеска во изјава за ТВ Фокс, Стивен Милер советник на Трамп. – Тој ќе ја заштити својата објава за вонредна состојба, изјави Милер. Вонредната состојба Трамп ја објави во …

Трамп се закани со вето ако Конгресот гласа против ѕидот кон Мексико Read More »

Експлозија на нафтовод во Мексико – најмалку 66 загинати


При експлозија на нафтовод во централно Мексико загинаа најмалку 66 лица, а 76 се повредени. – Податоците кои ги имаме од пред неколку минути се дека 66 луѓе загинаа, а 76 се повредени, изјави гувернерот на мексиканската држава Идалго Омар Фајад. Според локалните власти несреќата се случила откако крадци ја пробиле цевката за да украдат …

Експлозија на нафтовод во Мексико – најмалку 66 загинати Read More »

Трамп го откажа учеството на Светскиот економски форум во Давос


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го откажа учеството на Светскиот економски форум во Давос, каде што првично планираше да патува кон крајот на месец. Трамп на Твитер објави дека ваквата одлуката ја донел поради делумната блокада на работата на Федералната администрација. – Поради непопустливоста на демократите во поглед на граничната безбедност и големото значење на …

Трамп го откажа учеството на Светскиот економски форум во Давос Read More »

Матис одобри испраќање на војска на границата со Мексико


Секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис денескa одобри испраќање војска на границата со Мексико за да се спречи караванот нелегални имигранти кои доаѓаат од Јужна Америка, јавија дел од американските медиуми. Според извори на Си-Ен-Ен, Матис се уште не одлучил за бројот на војници, но вчера се говореше за бројка од 800 војници. Претседателот …

Матис одобри испраќање на војска на границата со Мексико Read More »

СП 2018: Шведска со силна игра против Мексико до осминафиналето


Шведска одигра многу силен меч и го победи Мексико со 3:0. Скандинавците ги постигнаа сите три гола во второто полувреме. Дефанзивецот Аугустинсон го отвори резултатот малку по паузата, капитенот Гранквист зголеми на 2:0 од пенал во 62-та минута, а резултатот беше оформен по автогол на Алварез. Тимот на Јане Андерсон покажа исклучителен карактер, откако го …

СП 2018: Шведска со силна игра против Мексико до осминафиналето Read More »

СП 2018: Мексико ја порази Јужна Кореја


Русија–  Мексико убедливо ја совлада Јужна Кореја со 2:1 во натпревар од групата Ф на Светското првенство во Русија. Мексико поведе со 1:0 во 26-та минута со гол од пенал, кој го реализираше Карлос Вела. Во вториот дел прецизен беше Хавиер Хернандес и во 66-та минута донесе водство од 2:0. Јужна Кореја со голот на …

СП 2018: Мексико ја порази Јужна Кореја Read More »

СП2018: Мексиканските фудбалери не можат око да склопат од своите навивачи


Капитенот на мексиканската репрезентација, Рафаел Маркес, ги замоли навивачите на неговиот тим да ги остават фудбалерите да се одморат. Голема група мексикански навивачи синоќа се појави пред хотелот каде е сместена мексиканската репрезентација, по што скандираа и пееја со цел да ги поздрават фудбалерите. Играчите се сретнаа со навивачите, а им се обрати капитенот. „Навистина …

СП2018: Мексиканските фудбалери не можат око да склопат од своите навивачи Read More »

СП 2018: Светскиот шампион на колена, Мексико со голема победа на стартот


Светскиот шампион Германија загуби 0:1 од Мексико на првиот меч од групата „Ф“ на Светското првенство на стадионот „Лужники“ во Москва. Ирвинг Лозано го постигна единствениот гол во 35-тата минута за Мексико. Бундестимот направи серија грешки во првото полувреме, а можеше да прими уште барем еден гол. По паузата, Германците заиграа посилно, но уште повеќе …

СП 2018: Светскиот шампион на колена, Мексико со голема победа на стартот Read More »

Суровоста на бандите: Во Мексико шестмина обесени на надвозници


Полицијата вчера објави дека пронашла шест тела како висат од надвозници во североисточниот дел од државата. Државниот обвинител изјави дека биле пронајдени тела на шест мажи и дека во моментот се очекуваат резултатите од аутопсијата. Покрај телата на двајца мажи, биле пронајдени и пораки чија содржина не била објавена, а се верува дека убиените се …

Суровоста на бандите: Во Мексико шестмина обесени на надвозници Read More »

Мексико: Пронајдени 371 килограми хероин во „државен“ камион


Мексиканските власти заплениле над 371 килограм кокаин, кој преку американската граница бил транспортиран во камион со ознака од државен Институт за социјално осигурување. Мексиканските војници, кои го проверувале камионот, ја пронашле дрогата во мобилен медицински скенер. Упасени се три лица, кои тврдат дека се вработени во Институтот. Но, институтот негираше дека кој било од вработените, …

Мексико: Пронајдени 371 килограми хероин во „државен“ камион Read More »