Невремето „Елпида“ носи снег во Грција и затвора училишта


Грција- Невремето „Елпида“ (Надеж) што ја зафати Грција, во повеќе делови од земјата веќе донесе снег и тоа на места што досега не било вообичаено да бидат под снежна покривка, а се очекува утре да пристигне и во Атина, поради што училиштата во следните два дена ќе останат затворени, додека пак надлежниот министер ги повика …

Невремето „Елпида“ носи снег во Грција и затвора училишта Read More »

Грција се поднови со шест француски воени авиони Рафал


Новите Рафал кои слетаа денеска се подготвени да полетаат за подобро, помирно утре за целиот регион, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на манифестацијата по повод пристигнувањето на првите шест француски воени авиони, јави дописничката на МИА од Атина. Свеченоста се одржа во воената база на грчкото военото воздухопловство, во присуство на грчкиот премиер, …

Грција се поднови со шест француски воени авиони Рафал Read More »

Во Грција пристигнуваат првите шест француски воени авиони Рафал


Првите шест, од вкупно 18 воени авиони Рафал што Грција ќе ги набави од Франција денеска ќе пристигнат во Атина, ќе прелетаат над Акропол, по што ќе следи и свечена манифестација во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис и Нова демократија на социјалните мрежи вчера објавија видео од …

Во Грција пристигнуваат првите шест француски воени авиони Рафал Read More »

Во Грција предлог јавно да се објавуваат фирмите кои ги прекршуваат Ковид мерките


Во грчкиот Парламент доставен е амандман што предвидува јавно објавување на трговските имиња на компаниите и бизнисите кои ги прекршиле мерките воведени за спречување на ширењето на Ковид-19 и им била изречена соодветна казна, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно амандманот целта е „јавно и навремено информирање на потрошувачите/ граѓаните за прекршувањето на мерките …

Во Грција предлог јавно да се објавуваат фирмите кои ги прекршуваат Ковид мерките Read More »

Над 8.000 позитивни селф тестови на ученици и наставници во Грција


Грција– До доцна синоќа биле пријавени 8.278 позитивни резултати од направените селф тестови, односно тестови за домашна употреба задолжителни за учениците и просветните работници во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Селф тестовите се задолжителни двапати седмично, а негативен резултат е предуслов за посетување настава за учениците од основните и средните училишта во Грција, …

Над 8.000 позитивни селф тестови на ученици и наставници во Грција Read More »

Грција: Во сила задолжителната вакцинација за постари од 60 години


Во Грција денеска стапи во сила законската мерка за плаќање парична казна за лицата постари од 60 години кои не се вакцинирани против Ковид-19. Од околу 300.000 граѓани ќе биде побарано да платат казна од 50 евра за јануари, додека за секој нареден месец, доколку лицето остане невакцинирано, казната ќе изнесува 100 евра. Линк до целиот текст …

Грција: Во сила задолжителната вакцинација за постари од 60 години Read More »

Културното богатство од Партенон треба да се врати, порача грчкиот премиер


Грција- По враќањето на мермерниот фрагмент од Партенон од Палермо во Атина, властите се надеваат дека тоа ќе го поттикне Британскиот музеј да го врати и делот што го има од античкиот храм. „Фаган фрагмент“, мермерен фрагмент од 12 на 14 инчи од стапалото на грчката божица Артемида, во понеделникот му беше даден на атинскиот …

Културното богатство од Партенон треба да се врати, порача грчкиот премиер Read More »

Во Грција од 1 февруари нема пристап до некои места без бустер доза


Сите кои до 1 февруари нема да примат дополнителна, трета доза вакцина против Ковид-19, во Грција нема да може да пристапат до места резервирани за вакцинирани, рече грчкиот министер за здравство Танос Плеврис. „Од 1 февруари сите кои не примиле дополнителна доза вакцина протви корона вирусот, а поминале седум месеци од претходната, втора доза ќе …

Во Грција од 1 февруари нема пристап до некои места без бустер доза Read More »

Предизвици за 2022 година во односите меѓу  Македонија и Грција


Низа средби и посети на највисоко ниво, некои од нив и со историски карактер, потпишани договори за соработка, заложби за продлабочување на соработката,  ја одбележаа 2021 година во македонско – грчките односи, кои се чини дека влегоа во нормален тек, се движат во нагорна линија, мразот веќе одамна е скршен, а довербата сѐ повеќе се …

Предизвици за 2022 година во односите меѓу  Македонија и Грција Read More »

Односите меѓу Македонија и Грција во нагорна линија во 2021 година


Низа средби и посети на највисоко ниво, некои од нив и со историски карактер, потпишани договори за соработка, заложби за продлабочување на соработката, ја одбележаа 2021 година во македонско – грчките односи, кои се чини дека влегоа во нормален тек, се движат во нагорна линија, мразот веќе одамна е скршен, а довербата сѐ повеќе се …

Односите меѓу Македонија и Грција во нагорна линија во 2021 година Read More »

Нови ковид рекорди во Италија, Британија и Грција


  Италија објави рекордни 170.844 нови случаи на ковид во вторник, во споредба со 68.052 претходниот ден, соопшти Министерството за здравство, додека дневниот биланс на смртни случаи поврзани со коронавирус се искачи на 259 од 140. Италија има регистрирано 138.045 смртни случаи поврзани со вирусот откако се појави неговата епидемија во февруари 2020 година и …

Нови ковид рекорди во Италија, Британија и Грција Read More »

Грчкиот митрополит кој кажа дека господ го штити од зараза почина од Ковид-19


Грција- Митрополитот на грчкиот округ Етолија-Акарнанија, Космас, кој отворено се противеше на вакцинирањето, почина на 76 години по едномесечна борба со ковид-19. Космас, кој одбивал да се вакцинира, бил примен во болница на 1 декември, по што завршил на интензивна нега. Космас беше жесток критичар на владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, вклучувајќи …

Грчкиот митрополит кој кажа дека господ го штити од зараза почина од Ковид-19 Read More »

Грција со рекорден број новозаразени


Грција денеска има поголем број на заразени со корона вирусот од вчера и завчера.  Трет ден по ред, јужниот сосед урива рекорди.  За 24 часа се регистрирани 35 580 нови случаи на ковид-19, што претставува нов негативен рекорд во земјата од почетокот на пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина. Има 424.682 направени тестови, а најголемиот дел …

Грција со рекорден број новозаразени Read More »

Во Грција регистриран рекорден број на новозаразени од ковид-19, дури 21.657 лица


Вчера Грција забележа нов рекорден број на инфицирани со корона вирусот за еден ден, соопштија тамошните власти, додавајќи дека тоа е доказ за големата заразност на новиот вид омикрон. За 24 часа во Грција се заразени 21.657 лица, што е двојно повеќе од заразените во понеделникот, кога беа пријавени 9.284 нови случаи од кои повеќето …

Во Грција регистриран рекорден број на новозаразени од ковид-19, дури 21.657 лица Read More »

Пет земјотреси во Грција во последните 48 часа


Нов земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Крит, по што следел малку послаб од 4,2 степени. Институтот за геодинамика соопшти дека земјотресот се случил во 20 часот и 59 минути, на околу 25 километри северозападно од првиот, на длабочина од 6,3 километри. Две минути подоцна следел нов последователен …

Пет земјотреси во Грција во последните 48 часа Read More »

Земјотрес со јачина од 5,2 степени во Грција


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди островите во јужна Грција. Нема податоци за материјална штета и повредени. Земјотресот е регистриран денеска околу 17 часот источно од Крит на длабочина од околу девет километри, соопшти Институтот за геодинамика од Атина. Се чувствувал на Крит, но и на островите Карпатос, Касис, …

Земјотрес со јачина од 5,2 степени во Грција Read More »

Во Грција од денеска маските задолжителни и на отворено, за непочитување казни до 300 евра


Маската од денеска одново се воведува и за надворешните простори во Грција, па така, задолжителна е и на затворено и на отворено, а за прекршување на мерката предвидена е казна од 300 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од шест часот утрово, во Грција стапија во сила новите мерки што вчера го соопшти министерот …

Во Грција од денеска маските задолжителни и на отворено, за непочитување казни до 300 евра Read More »

Во Грција 33 потврдени и 98 сомнителни случаи на Омикрон


Грција– Во Грција потврдени се 33 случаи на варијантата Омикрон, од кои 18 се на островот Крит, додека пак постојат 98 сомнителни случаи, кои се испитуваат, но 98-99 отсто е сигурно дека и тие се Омикрон, соопшти претседателот на Националната организација за јавно здравје Теоклис Заутис, јави дописничката на МИА од Атина. Објасни дека заразените …

Во Грција 33 потврдени и 98 сомнителни случаи на Омикрон Read More »

Бесими: Обезбедена финансиската рамка за гасоводот кон Грција


Обезбeдени се средства за реализација на проектот за изградба на интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Грција, информира министерот за финансии Фатмир Бесими по потпишувањето на Договорот за гаранција со потпретседателката на Европската инвестициска банка, Лилјана Павлова. Воедно се потпиша и финансискиот договор меѓу Национални енергетски ресурси (НЕР) и ЕИБ. Вкупната инвестициска вредност на …

Бесими: Обезбедена финансиската рамка за гасоводот кон Грција Read More »

Од утре нови мерки во Грција: Силна препорака посетителите да се тестираат два пати по пристигнувањето


Грција– Силна препорака туристите да се тестираат на вториот и четвртиот ден по пристигнувањето; задолжителна маска и на отворено и на затворено; задолжителна двојна маска или КН95 во супермаркетите и јавниот превоз; откажување на сите јавни собири за празниците; силна препорака за тестирање пред празничните собири, се новите мерки на грчката Влада што од утре …

Од утре нови мерки во Грција: Силна препорака посетителите да се тестираат два пати по пристигнувањето Read More »